Author: Author 04

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. Претставата, наменета за учениците од основното училиште од општината, им овозможи на децата преку интерактивен и едукативен пристап да се запознаат со основните правила за безбедно однесување во сообраќајот, безбедниот пат од и до училиште, како и со значењето на внимателноста и одговорноста во улога на пешаци и велосипедисти. Министерот Тошковски…

Повеќе

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска на прес-конференција го коментираше односот на СДС кон кривичната пријава поднесена против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Според Петрушевски, партнерството меѓу овие две партии продолжува преку обидите да се заштити Груби од соочување со правдата. Поводот за реакцијата е изјавата на потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, која посочи дека одлуките на претходната Влада биле колективни. Петрушевски јавно упати прашање до СДС дали со ваквите ставови се обидуваат да го амнестираат милионскиот криминал за кој се сомничи Груби. „Дали потпретседателката на СДС го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети…

Повеќе

Турски воен авион од типот Ф-16 се урна рано утрово во западниот дел на земјата, при што животот го загуби пилотот. Несреќата се случила во регионот Баликесир, потврдија од Министерството за национална одбрана на Турција. Според првичните информации, леталото паднало на автопатот кој ги поврзува Измир и Истанбул. Инцидентот се случил само неколку моменти откако авионот полетал од 9-тата воздухопловна база лоцирана во Баликесир. Турските власти соопштија дека пилотот загина на лице место, а истрагата за причините кои довеле до падот на авионот е веќе во тек.

Повеќе

Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Во својство на сведок, предложен од Обвинителството, свој исказ даде Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК, која била на сцената во моментот кога избувнал пожарот на 16 март 2025 година. Костадиновска пред судот објасни дека прскалките се активирале за време на рефренот на песната „Што сака нека биде“, што било вообичаена пракса на нивните настапи. Таа нагласи дека во првите моменти никој не ја сфатил сериозноста на ситуацијата, сè додека не почувствувале силна топлина. Опишувајќи го моментот на евакуација и хаосот кој настанал, Костадиновска…

Повеќе

„Поднесовме предлог на измена на шест закони, со овој пакет на закони се опфаќаат Законот за пратениците, Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, Законот за платите на јавните обвинители, Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Законот за платите на судиите, Законот за платите на членовите на судскиот Совет, со коешто се воспоставуваат реални висини на плати“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието. Стојаноски објасни дека со овие предложени решенија се врши интервенција во коефициентите и дека ова законско…

Повеќе

Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемена облачност. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Повеќе

Од денес со почеток од 12:00 часот до 22:00 часот и секој нареден ден до надминување на проблемот (затворен патен правец во Албанија поради оштетување на мост) ќе бидат пропуштани товарни моторни возила (празни и полни) од албанска страна на граничниот премин Блато, притоа напоменуваме дека сите ТМВ кои што се за фитосанитарен преглед – прегледот ќе може да се направи до 18:00 часот, соопшти Макам Транс. Од Макам Транс напоменуваат: 1. Товарените возила со себе да имаат кантарски белешки од местото на утовар или при влез во Албанија да имаат нивна кантарска белешка (на Блато нема вага). 2. Сите…

Повеќе

Вчера лишени од слобода осум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и по еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол. Тројца возачи од Тетово, од кои еден малолетник, и по еден во Куманово, Струмица и Прилеп управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Струга управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и еден…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (25.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, соопшти ЈСП Скопје.

Повеќе

Вчера во 12:10 часот во Центарот за социјални работи Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.З.(44) од с.Горно Седларце, тетовско и Н.Б.(39) од с.Калиште, тетовско, затоа што насилно влегле во канцеларијата на вработената З.Е.(45) од Тетово, агресивно се однесувале кон неа се обиделе и физички да ја нападнат, соопштија од тетовската полиција.  По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе