Author: Author 04

Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. Претходно, на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со  тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По налог на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола и лишен е од слобода.  По целосно документирање на…

Повеќе

Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања постави три прашања до претседателот на Влада, Христијан Мицкоски.Ласовска се осврна на дадената изјава на премиерот во која што најавил изградба на хидроелектраните Чебрен и Галиште, како и дека од опозициската СДС критикувале дека државата нема капацитет да го изгради овој проект. Таа посочи дека изградбата на Чебрен и Галиште ќе придонесе за раст на БДП на државата, како и дека е значаен капитален проект во делот на енергетиката и во таа насока праша до каде се плановите за изградба на проектот.„Неодамна премиере дадовте изјава…

Повеќе

Сериозен инцидент се случил во Зоолошката градина во Скопје, откако белите волци наводно избегале од своето живеалиште и усмртиле неколку животни и птици, објави порталот Петс.мк, а пренесе Скопје1.мк. Според првичните информации објавени од медиумите, настанот се случил во саботата, во текот на денот. „Според информациите објавени од медиумот, инцидентот се случил во саботата, кога белите волци наводно успеале да ископаат дупка под оградениот простор и да излезат од живеалиштето“, се наведува во написите. Како последица на бегството, настрадале други животни кои биле сместени во близина на овој простор. „Како што наведува Петс.мк, при бегството волците нападнале и усмртиле четири…

Повеќе

Синоќа околу 20:50 часот било пријавено дека во селото настанал пожар кој се проширил на околната вегетација, а целосно изгорело и едно патничко возило. На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, која успеала да го локализира и изгасне пожарот. Во пожарот нема повредени лица. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.

Повеќе

Вчера околу 15:15 часот, полициски службеници извршиле контрола во објект во изградба на улицата „Тодор Циповски Мерџан“, при што биле затекнати 12 бугарски државјани на возраст од 34 до 66 години кои работеле на објектот. При проверките било утврдено дека лицата имале нерегулиран и непријавен престој на територијата на државата. Од СВР Тетово соопштија дека сите лица се задржани во Полициската станица во Тетово за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци согласно Законот за странци.

Повеќе

Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните службеници“, на која беа презентирани резултатите од досегашните активности, предлог-моделите за организација на Академијата и развојот на програмите за обука. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Поддршка за воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници“,…

Повеќе

Вчера во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Р.(30) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Објавувањето на доверливи дипломатски документи од страна на официјална Софија претставува сериозен безбедносен преседан, обвини денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. На прес-конференција, тој посочи дека споделувањето на овие информации директно влијае врз сигурноста на претседателот на Владата и неговите најблиски. „Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија претставува сериозен преседан и неодговорен чин кој отвора прашања и за безбедноста на претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство“, изјави Петрушевски. Пратеникот појасни дека во јавно објавениот документ се содржани чувствителни податоци, вклучувајќи детали за службените возила, лицата кои патувале, точната локација на престојот на семејството на премиерот,…

Повеќе

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се најдат позади решетки и да одговараат. „Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ,…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, затоа што по две години власт нема исполнето ниту едно од ветувањата дадено пред граѓаните. „Кога баравте власт и кога граѓаните ги молевте да ви дадат доверба, ветувавте сè и сешто. Ветувавте повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, раст на платите над растот на цените, повеќе странски инвестиции, помал буџетски дефицит, умерено задолжување, поддршка на земјоделците, иднина за младите, правда, реформи и европски напредок“, рече Филипче. Тој потсети дека истите ветувања биле содржани и во програмата „1198“, но дека граѓаните добиле сосема поинаква реалност. „И во…

Повеќе