- На четиричлено семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот
- Малолетно девојче нападнато во Бардовци
- Судир на три возила кај Битола: Повредени четири лица, возач возел под забрана
- Паднаа 12 млади за поседување дрога
- Норвешка забрани користење АИ во основните училишта
- Уживајте во викендов: Од понеделник пресврт на времето
- Железница привремено ги укинува возовите поради „Градски воз“
- Ригорозни казни за големите маркети: Мицкоски најави 10 пати поголеми глоби за тие што прават профит на грбот на граѓаните
Author: Author 04
Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, И.С.(52) од с.Сарај, скопско, пријави дека околу 11:45 часот на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, додека се движел со патничко возило бил пресретнат од друго патничко возило, по што возачот на тоа возило застанал и му упатил закани со пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Б.Б. поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „попречување на правдата“. Пријавениот Б.Б., на работно место помлад инспектор за малолетничка деликвенција и семејно насилство во Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани при СВР Штип, со намера да сокрие и уништи докази за да го отежне докажувањето на кривично дело…
Вчера во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 10:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Вчера во 22:30 часот, во Полициската станица Кисела Вода од слобода бил лишен А.С.(41) од Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на Бит Пазар се обидел со тврд предмет да го нападне И.М., при што кај себе имал и огнено оружје. Според пријавеното, по настанот, И.М. со тврди предмети ги оштетил прозорците од куќата на А.С.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. објави Скопје1.мк
Судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи денеска со сослушување на Горан Тонев, музичар и надворешен соработник на групата ДНК. Тонев, кој бил на бината во моментот на избивање на пожарот, пред судот ги опиша застрашувачките моменти на ескалација на огнот и густиот чад кој го исполнувал просторот. Сведокот појасни дека пиротехничките средства биле веќе поставени на бината пред нивниот настап, но нагласи дека не знае кој ги донел или ги монтирал. Тој додаде дека пожарот се ширел екстремно брзо, по што настанал хаос при обидот да се напушти објектот. Опишувајќи ги драматичните сцени, Тонев истакна: „Пожарот настана…
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми. Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Поранешниот премиер Зоран Заев денеска поднесе тужби за клевета и нарушување на честа и угледот против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, и сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев. Заев преку социјалните мрежи информираше дека правната разрешница ќе ја бара на суд, по претходните јавни обвинувања упатени кон него. „Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед. Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“ напиша Заев на социјалните мрежи. Заев…
Министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси, Сања Божиновска, денеска во Битола учествуваше на промотивниот настан „Вештина на иднината“, организиран од АД ЕСМ. Пред присутните вработени и меѓународни партнери, Божиновска порача дека вложувањето во човечкиот капитал е подеднакво важно како и инвестициите во инфраструктурата. Програмата, која се реализира со поддршка на ЕБОР, овозможи над 600 вработени во АД ЕСМ да се стекнат со нови компетенции. Министерката истакна дека токму знаењето на професионалците е гаранција за стабилен енергетски систем. Во своето обраќање, Божиновска нагласи: „Енергетската трансформација не започнува со технологијата, таа започнува со луѓето. Можеме да градиме капацитети, можеме да инвестираме…
ДУИ изразува длабока загриженост и индигнација поради изјавите и постапките на министерот за правда Игор Филков, кој со својот последен пристап го изедначува албанскиот јазик со нула во институциите на државата. „Обидот албанскиот јазик да се исклучи од правосудниот испит, да се поткопа неговата употреба и да се третира како затворено прашање, не е само прекршување на Законот за употреба на јазиците, туку и директен удар врз Охридски рамковен договор и уставниот поредок на државата. Албанскиот јазик е уставна категорија, законска категорија, право стекнато со жртва и темел на еднаквоста врз која почива мултиетничката држава. Секој обид да се релативизира…
