Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски утре во Хрватска: Ќе се дебатира за евроинтеграциите на Западен Балкан

    Муцунски утре во Хрватска: Ќе се дебатира за евроинтеграциите на Западен Балкан

    25.06.2026 во 15:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во Дубровник, Република Хрватска, каде што ќе учествува на 19. издание на Дубровник форум.

    Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата *„The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“*, посветена на европската интеграција на Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката меѓу Европската Унија и земјите од регионот.

    Под мотото *„The Age of Multipolarity: Many Decisions, One Future“, Дубровник форум 2026 ќе собере високи државни претставници, креатори на политики, експерти и претставници на меѓународни организации, кои ќе дискутираат за најактуелните глобални и регионални безбедносни, политички и економски предизвици. Годинашното издание има и посебно симболично значење, бидејќи се одбележуваат 20 години од основањето на Форумот, претходно познат како *Croatia Forum.

    Имајќи предвид дека Република Хрватска во 2026 година претседава со *Three Seas Initiative* и *MED9*, годинашниот Форум ќе стави посебен акцент на медитеранската димензија на европската безбедност, регионалната соработка и заедничките стратешки предизвици.

    За време на престојот во Дубровник, министерот Муцунски ќе оствари повеќе билатерални средби со свои хомолози и други високи претставници кои учествуваат на Форумот.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.