Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина 3-годишно момче: Само влегло во автомобил и останало заробено 45 минути

    Почина 3-годишно момче: Само влегло во автомобил и останало заробено 45 минути

    25.06.2026 во 16:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тригодишно момче го загуби животот во францускиот департман Вал д’Оаз, откако останало заробено во паркиран автомобил за време на силниот топлотен бран што ја погоди земјата, соопштија француските официјални лица.

    Детето било пронајдено во бесвесна состојба од неговите родители во возило паркирано пред семејната куќа, пренесува „Фигаро“.

    И покрај обидите на родителите и на итните служби да го реанимираат, момчето било прогласено за мртво во 19:35 часот.

    Официјалната истрага покажала дека таткото во моментот на инцидентот работел во помошен објект во дворот, додека мајката се одмарала со нивното друго дете, старо 18 месеци.

    Според првичните информации, момчето им побегнало од вид на родителите најмалку 45 минути, влегло во автомобилот чии врати не биле заклучени и останало заробено внатре.

    Возилото имало вклучена безбедносна брава за деца (child lock), поради што детето не можело самостојно да излезе од автомобилот.

    Мајката по трагедијата била хоспитализирана поради состојба на шок, а обвинителството покрена истрага поради сомнение за убиство од небрежност.

    Метеоролошката служба „Метео Франс“ соопшти дека земјата вчера го забележала најтоплиот ден од почетокот на мерењата, со просечна национална температура од 30 степени Целзиусови.

    Ова е втор ваков случај во Франција оваа недела. Во понеделникот, две деца, на возраст од две и четири години, беа пронајдени мртви во семејниот автомобил на паркинг пред станбена зграда во Карпантрас, на југот на земјата.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.