Author: Author 04

Франција стана првата земја надвор од африканскиот континент која потврди случај на инфекција со вирусот ебола на своја територија, откако опасната болест е дијагностицирана кај лекар кој неодамна престојувал во Демократска Република Конго. Претходните сомнителни случаи во Бразил и Италија не беа потврдени од тамошните власти. Епидемијата, која во помал степен ја погоди и Уганда, е предизвикана од редок сој на вирусот познат како „Бундибуџо“, за кој во моментов не постои одобрена вакцина или специфичен медицински третман. Француското Министерство за здравство денеска соопшти за „идентификација на првиот потврден случај на заболување од вирусот ебола во земјата“. „Пациентот, кој се вратил…

Повеќе

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција нагласи дека изјавите на Мицкоски за вториот пензиски столб отворија сериозна загриженост кај граѓаните кои со години издвојуваат средства за својата пензиска иднина. Филипче, предупреди дека контрадикторните ставови на премиерот создаваат неизвесност и страв кај и побара власта да одговори дали е загрозен Вториот пензиски столб и дали поради немање пари во буџетот ќе се трошат заштедите. „Многу луѓе се исплашени и загрижени од изјавата на премиерот во која тој изјави дека многу луѓе ќе бидат разочарани од тоа што ќе донесе Вториот пензиски столб. Тој дури изјави дека му било…

Повеќе

Утрово во 03:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.Ш.(18) од Велес, постапувајќи по пријава дека ја држел во неговиот дом неговата 18-годишна партнерка од село во виничко, ѝ се заканувал и не ѝ дозволувал да го напушти домот. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

Повеќе

На 24.06.2026 во 08:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода П.П.(48) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава од неговата 43-годишна поранешна партнерка дека на 23.06.2026 околу 23:00 часот во двор од нејзината семејна куќа, по кратка расправија, физички ја нападнал. Според пријавеното, тој подолг период психички и физички ја малтретирал и ѝ упатувал закани. На 23.06.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас од слобода го лишија Ф.Р.(45) од кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со дрвен предмет ја нападнал неговата сестра. На 24.06.2026 во…

Повеќе

Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово вчера попладне била пронајдена без знаци на живот во просториите на нејзината адвокатска канцеларија. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека случајот во полициската станица бил пријавен на 23 јуни 2026 година во 12:23 часот. „Во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово“, соопштија од полицијата. Веднаш по добивањето на пријавата, на местото на настанот излегла екипа на Итната медицинска помош, при што дежурниот лекар можел само да констатира смрт кај жената. За случајот бил известен и дежурен јавен обвинител, по чија наредба…

Повеќе

Времето утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР. Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола (двајца малолетници), а две лица возеле под дејство на алкохол. Четири лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по две лица во Тетово (еден малолетник) и Куманово и по едно лице во Гостивар, Кочани и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Пробиштип и Кавадарци управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите…

Повеќе

Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Рилски Конгрес“ во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице кое управувало патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во мотоцикл управуван од Г.Н.(29) од скопско, кој паднал од ударот, а откако се подигнал, според пријавеното, возачот на возилото „пежо“ го придвижил возилото и неколку пати удрил во мотоциклот, како и во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.О.(44). Потоа, според пријавеното,  Г.Н. се фатил за предната врата на возилото „пежо“, но тоа продолжило да се движи и да го влече неколку метри,…

Повеќе

„Организирана криминална група постоеше во едно друго време, кога вие се сликавте и бевте дел со Чипсио, го пречекувавте во Прилеп, се дружевте итн. Вакви работи нема повеќе, вакви командири, вакви полициски службеници во МВР не постојат. Ова е едно време кога вие, и кога кралот на марихуаната царуваше во државата. Сега е друго време, на спроведување закони, реформи, следење европска агенда, работа во интерес на граѓаните“, истакна Пеце Милевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница.Милевски се осврна на мерките кои се преземени од страна на МВР и посочи дека во Пелагонија се намалиле тешки кражби, прекршоци…

Повеќе