Author: Author 04

Платите на избраните и именуваните функционери ќе претрпат сериозно кратење, најави денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Пратеничката група веќе поднела пакет-измени на шест закони со кои платите на функционерите ќе се намалат за износ од 10.000 до 13.000 денари, а кај одредени позиции кратењето ќе биде уште поголемо. Според најавите, овие законски измени треба да бидат изгласани по итна постапка веќе во текот на утрешниот ден. „Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата“, изјави Стојаноски. Тој појасни дека заштедените средства нема…

Повеќе

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија и министер за европски прашања, г. Беким Сали, денес ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе оствари средби со високи претставници на украинските државни институции. Во рамки на посетата, Сали ќе учествува на комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина, заедно со заменик-претседателката на Владата на Украина, г-ѓа Јулија Свириденко, при што ќе биде изразена солидарност и поддршка кон украинскиот народ. За време на посетата, предвидена е билатерална средба со заменик-претседателот на Владата за европска и евроатлантска интеграција на Украина, г. Тарас Качка, на која ќе…

Повеќе

Генералниот секретар на СДСМ, Александар (Саша) Димитријевиќ, на денешната прес-конференција обвини дека правната држава е „целосно погребана“ по одлуката за одредување куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според него, станува збор за смислено сценарио и договор помеѓу актуелната власт и ДУИ. „Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено. Затоа Обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за што СДСМ со месеци говори“, изјави Димитријевиќ. Тој посочи дека обвинителството побарало поблага мерка иако Груби претходно веќе еднаш избегал од државата. „Замислете, еднаш избегал, а сега Обвинителството бара замена на мерката притвор…

Повеќе

Вчеар во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ во Охрид, Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.М.(63) од Злетово и Д.И.(49) од с.Калниште поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Ј.К.(70) и Д.К.(61) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против Б.М.(55) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени продолжени кривични дела „поттикнување“ и „помагање“. На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петтопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми” – Подрачно шумско стопанство „Осогово” – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла…

Повеќе

Рускиот претседател Владимир Путин го искористи прославувањето на Денот на бранителот на татковината на 23 февруари за да испрати пораки што аналитичарите ги толкуваат како подготовка на руското општество за можна нова фаза на мобилизација. Во своето обраќање, тој рече дека руските војници што учествуваат во војната во Украина носат „огромна одговорност за рускиот народ и заедничката кауза на Русија“, нагласувајќи ја колективната обврска и жртвата. Според аналитичарите на Институтот за проучување на војната (ISW), ваквите изјави укажуваат дека Кремљ наводно постепено го подготвува населението за можна ограничена, фазна регрутација, која треба да ги задоволи потребите на руската армија на…

Повеќе

Холандија влезе во нова политичка ера со именувањето на 38-годишниот Роб Јетен за нов премиер. Јетен, кој е лидер на партијата Демократи 66 (D66), стана најмладиот во историјата на оваа функција и воедно првиот отворено геј премиер на земјата. Неговата малцинска централно-десничарска влада веќе ја положи свечената заклетва. Новиот премиер најави дека неговиот кабинет ќе се фокусира на реформи, но и на построги политики за миграцијата, што веќе предизвика низа реакции во холандската јавност. „Горд сум што го правиме ова заедно. Во нова фаза, со голема одговорност и, пред сè, со заедничко ветување да работиме за сите во Холандија. Со…

Повеќе

Вработените во хотел „Фламинго“ Казино, како и голем број граѓани на Гевгелија вчера повторно демонстрираат хуманост при реализацијата на веќе шестата крводарителска акција организирана заедно со Општинската организација на Црвен крст Гевгелија. Вкупно 76 крводарители се приклучија на акцијата, покажувајќи ја својата солидарност и посветеност кон спасување човечки животи.„Шеста година по ред со големо задоволство во нашиот хотел ја реализираме оваа хумана активност во соработка со локалната организација на Црвениот крст. Нашите вработени и граѓани одговорија на повикот и успеавме да обезбедиме нови крвни единици за локалните здравствени установи. Воедно со поддршката на крводарителските акции сакаме да помогнеме во поттикнувањето…

Повеќе

Периодот од 23 февруари до 1 март 2026 година ќе биде под силно влијание на Уран и претстојните затемнувања, што е рецепт за ненадејни пресврти и ситуации кои бараат брза реакција. Дополнителен хаос носи Меркур, кој на 26 февруари го започнува својот ретрограден од, отворајќи тринеделен циклус на преиспитување и можни грешки во комуникацијата. Најкритичниот ден е 27 февруари, кога Марс влегува во напнат аспект со Уран, интензивирајќи го чувството на немир. Сепак, за три хороскопски знаци оваа недела ќе биде посебно турбулентна: Риби Ретроградниот Меркур во вашиот знак носи конфузија и пад на концентрацијата. „Клучно е да се разликуваат…

Повеќе