Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Трамп: Ќе отвориме нова американска воена база во Полска
    • Во понеделник е голем празник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Почнува изградбата на нови пешачки патеки во Ченто, ветивме дека нема повеќе кал

    Стефковски: Почнува изградбата на нови пешачки патеки во Ченто, ветивме дека нема повеќе кал

    25.06.2026 во 10:32Updated:25.06.2026 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше за почетокот на градежните активности за изградба на нови пешачки патеки со павер елементи во населбата Ченто.

    Според неговите зборови, со овој проект се реализира уште едно конкретно ветување дадено пред граѓаните за подобрување на локалната инфраструктура.

    „Денес започнуваме со реализација на уште едно ветување кое им го дадов на граѓаните на Ченто – изградба на нови пешачки патеки со павер елементи. За време на изборната кампања ветив дека граѓаните повеќе нема да газат во кал. Денес тоа ветување станува реалност“, истакна Стефковски.

    Како што додава тоа, со оваа инвестиција се создаваат уредени, безбедни и современи пешачки површини, достојни за секој жител на Ченто.

    „За нас зборот има тежина, а делата се најсилната потврда дека работиме чесно, посветено и одговорно. Активностите нема да застанат тука. Ќе продолжиме и во другите населени места со изградба на нови пешачки патеки, затоа што секој граѓанин заслужува уредена, безбедна и достојна средина за живеење“, потенцира градоначалникот на Гази Баба.

    Тој најави дека општината ќе продолжи да инвестира во секоја населба со цел да се решаваат долгогодишните проблеми и чекор по чекор да се подобрува секојдневието на граѓаните.

    „Ветивме дека нема повеќе кал – денес градиме патеки. Ветивме промени – денес тие се гледаат на терен“, заклучува Стефковски.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.