- Многу топло низ Македонија – УХМР со метео предупредување за попладне
- Меџити: Уметноста и културата се мостови што ги зајакнуваат врските меѓу нашите градови
- Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати
- Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
- Овие 3 хороскопски знаци ги очекува период на голема среќа и преродба од 25 јуни
- Тајната против каменецот што чини неколку денари: Машината повторно работи како нова
- Вреди: Основачкото собрание го потврди единството и консолидацијата на партијата
- Трамп изјави дека „никогаш не му било грижа за промена на режимот“ во Иран
Author: Author 04
Министерството за образование и наука (МОН) заедно со универзитетите ќе го финализира новиот закон за високо образование преку инклузивна јавна дебата, порача денеска министерката Весна Јаневска пред почетокот на дискусијата на УКИМ. Таа нагласи дека МОН не е спротивставена страна на академската заедница, туку партнер во процесот. Јаневска остро ги демантираше тврдењата кои деновиве се појавија во јавноста во врска со студирањето и научното истражување. „Деновиве се изнаслушавме дезинформации и, би рекла, конкретни лаги, дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување научно-истражувачки трудови итн. Лагите и дезинформациите во суштина се на штета на државата и на младите…
Украинската делегација се подготвува за следната рунда трилатерални преговори, која ќе се одржи околу 27 февруари, изјави денес шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, во разговор со новинарите на маргините на Меѓународната конференција за правда. „Мислам дека веќе е официјално потврдено дека следната рунда трилатерални преговори ќе биде околу 27 февруари, плус-минус еден или два дена, што значи дека и 26 февруари целосно спаѓа во овој временски рок. Ова е протоколарно прашање и сите три страни мора да го решат ова меѓу себе. Се подготвуваме“, рече Буданов, пренесува Укринформ. Тој додаде дека руската делегација не го покренала прашањето…
Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Н.Е. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување. Во рамки на разговорите беа разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на администрацијата: Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, со осврт на доставените мислења и препораки од СИГМА, Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и Законот за Влада. На…
Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во Кошутњак, каде пред новинарите проговори за претстојната комеморација за Саша Поповиќ, која ќе се одржи во сабота, на 28 февруари. Иако помина речиси една година од смртта на креативниот директор на „Гранд“, Цеца откри дека поради професионални обврски нема да може физички да присуствува на поменот. „Времето лета многу брзо. Нема да можам да бидам на комеморацијата бидејќи имам концерт, кој е јавен и добро познат, но во секој случај сум во контакт со Сузана. Жал ми е, но што можам да направам?“, изјави пејачката пред…
Дали постојано размислувате за мејлови и рокови дури и кога работниот ден е завршен? Ако одговорот е да, голема е веројатноста да припаѓате на еден од петте знаци кои астролозите ги издвојуваат како најголеми „работници“ кои често остануваат со празни раце. „Посветеноста е доблест, но само сè додека не стане навика што другите ја земаат здраво за готово“, стои во заклучокот на оваа анализа. Ако се најдовте на списокот, можеби е време да ги преиспитате вашите професионални граници.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе…
Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Г.К. пријави дека на 21.02.2026 околу 21:15 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 00:50 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.У.(41) од Република Турција. При гранична контрола и проверки било констатирано дека на увид приложил фалсификувани меѓународни зелени карти за товарно возило „даф“ со полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавените, како концесионери на Шумско- стопанска единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво. Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 кубни метри без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари…
Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.Д.(39), М.И.(19), М.З.(27) и О.Ј.(34), сите од Скопје, Б.Д.(47) од с.Инџиково, скопско, С.Т.(31) од с.Шишево, скопско, Љ.Б.(32) од Штип и Е.А.(20) од Турција, со привремен престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
