Author: Author 04

Лишени од слобода 19 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од пропишаната. Осум лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по двајца во Тетово и Куманово и по еден во Прилеп, Битола, Македонски Брод…

Повеќе

Вчера во 15:20 часот во ОВР Гостивар, 22-годишна жена од Гостивар пријави дека подолг период била физички и психички малтретирана од нејзиниот партнер Б.И. од Гостивар. Според пријавеното, пред три години тој ѝ нанел тешка повреда, а на 18.06.2026 повторно физички ја нападнал и упатил закани на неа и на нејзин пријател. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот Б.И., при што била пронајдена ловечка пушка која припаѓала на неговиот покоен татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата се разви на денешната собраниска седница посветена на измените на Законот за основно образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Од друга страна, пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата. Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се сведат наставниците на подобни и неподобни и наместо подобрување на квалитетот на наставата, ќе се намали квалитетот и ќе се засили иселувањето…

Повеќе

Вчера во 19:45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода С.А.(42) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Виница физички ги нападнал неговите сестра, внука и татко. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 02:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на поткровје од зграда на подрачјето на Центар настанал пожар. При обид со противпожарни апарати да го изгаснат пожарот, Д.С.(54) и Б.А.(49), двајцата од Скопје, вдишале чад, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Подоцна, на преглед се јавиле уште три лица поради вдишување на чад. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.

Повеќе

Поизразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд попладнево го зафати регионот на Велес и пошироката околинасоопшти УХМР. Промената на временските прилики доаѓа по неколкучасовниот топлотен бран кој претходно во текот на денот донесе рекордно високи температури во овој дел од земјата. Во Велес и околината имаме поизразена нестабилност и пороен дожд.

Повеќе

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на територијата на државата до 14:00 часот се регистрирани два активни и еден целосно изгаснат пожар. Според официјалните податоци, противпожарните екипи во моментов интервенираат на две локации каде што пламените јазици сè уште не се ставени под контрола. Едниот активен пожар е лоциран во населбата Света Недела на подрачјето на општина Штип. Вториот активен пожар е регистриран во селото Матејче, лоцирано во општина Липково. На двете локации гори претежно ниска вегетација. Истовремено, од Центарот за управување со кризи соопштија дека една од критичните точки е успешно санирана. Според ЦУК, целосно е изгаснат…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредни информации за моменталната состојба со времето на територијата на државата. Според официјалната радарска слика, во моментов се регистрирани локални дестабилизации на атмосферата со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Невремето во овие моменти е најизразено во северозападните планински региони во земјава каде има активни процеси. Паралелно, силен развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд е забележан и во централниот дел, поточно источно од Велес. Од УХМР информираат дека правецот на движење на оваа нестабилна воздушна маса е од североисток кон југозапад. Дежурните синоптичари продолжуваат да ја следат состојбата…

Повеќе

Вчера во 06:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Т.(43), постапувајќи по претходна пријава дека се обидел да изврши обљуба врз 40-годишна жена, која три дена престојувала во домот каде тој бил потстанар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Повеќе

Вчера во 18:55 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Н.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 71-годишна велешанка дека пред и во нејзиниот дом физички ја нападнал и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според пријавеното, тој дошол пред нејзиниот дом, ја побарал нејзината ќерка, но таа не била дома, по што физички ја нападнал пријавителката. По преземени мерки било констатирано дека П.Н. бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,11 промили алкохол во крвта.Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе…

Повеќе