- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Бројот на патници на македонските аеродроми во Скопје и Охрид бележи постојан и сериозен раст, а очекувањата за годинава се дека ќе биде надминат нов рекорд во авиосообраќајот. Ова на денешната седница за пратенички прашања го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на прашање од пратеничката Лидија Петковска од ВМРО-ДПМНЕ. „Ако пред неколку години беше успех два милиони патници да стигнат на аеродромите во Скопје и Охрид, минатата година бројот надмина три милиони на двата аеродрома. Очекувам оваа година бројот да биде над 3,5 милиони патници“, изјави Николоски. Министерот посочи дека скопскиот аеродром во моментов е лидер…
Тригодишно момче го загуби животот во францускиот департман Вал д’Оаз, откако останало заробено во паркиран автомобил за време на силниот топлотен бран што ја погоди земјата, соопштија француските официјални лица. Детето било пронајдено во бесвесна состојба од неговите родители во возило паркирано пред семејната куќа, пренесува „Фигаро“. И покрај обидите на родителите и на итните служби да го реанимираат, момчето било прогласено за мртво во 19:35 часот. Официјалната истрага покажала дека таткото во моментот на инцидентот работел во помошен објект во дворот, додека мајката се одмарала со нивното друго дете, старо 18 месеци. Според првичните информации, момчето им побегнало од…
Популарниот синџир продавници „Пепко“ во Србија итно повлекува одреден производ од своите рафтови, откако надлежните институции утврдиле дека истиот претставува безбедносен ризик за потрошувачите. Станува збор за додаток кој при користење може да предизвика физички повреди. „Во Србија е издадено итно предупредување за потрошувачите откако надлежните институции наложија повлекување на еден производ од продавниците на „Пепко“. Станува збор за нараквица за која е утврдено дека може да претставува ризик од повреди при користење“, се наведува во предупредувањето. Според информациите објавени во српскиот национален систем за предупредување за небезбедни производи (NEPRO), спорниот артикл бил достапен во продажба на почетокот на оваа…
Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, по тројца возеле без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а еден со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив по тројца управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, а еден со активна забрана. По едно лице во Скопје, Кавадарци и Охрид управувале возило без возачка дозвола. Лицето во Охрид предизвикало и сообраќајна несреќа со едно повредено лице. По едно лице во Виница, Прилеп и Скопје управувале возило под…
На 24.06.2026 околу 21:10 часот во СВР Скопје, 50-годишник од с.Ласкарци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот, по претходна расправија со неговиот брат Б.С. и неговиот син, Б.С. ја турнал сопругата на пријавителот, која во раце го држела седуммесечниот внук, по што детето паднало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Едно лице е лишено од слобода и со две е извршен службен разговор од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 25.06.2026 во 00:35 часот во СВР Скопје, 57-годишна жена пријави дека во објект на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.К.. На 24.06.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.П.(19) и С.П.(42), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Бутел физички ја нападнале и упатувале закани кон 19-годишната сопруга на М.П. и снаа на С.П.. На 24.06.2026 во 23:30 часот…
Кривична пријава за продолжено кривично дело во врска со „злоупотреба на службена положба“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за сторено продолжено кривично дело во врска со кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и правно лице од Прилеп за продолжено кривично дело во врска со „фалсификување или уништување деловни книги“. Првопријавениот во својство на финансов директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ – акционерско друштво со доминантен државен капитал, искористувајќи ја својата службена…
Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала со работа иако објектот не ги исполнувал минималните технички услови, обелодени денеска Обвинителството на рочиштето во судницата во КПУ Идризово. Доказите презентирани на денешното судење за кобниот пожар се обезбедени од Секторот за туризам и угостителство при Министерството за економија и труд. Денешното рочиште го одбележа и процедурален пресврт откако одбраната побара изземање на обвинителката Наташа Сарамандова поради „пристрасно постапување при презентација на доказите со исклучување на елементи од доказите кои се од суштинско значење“. По ова барање треба да одлучува државниот јавен обвинител Ненад Савески, а застапувањето го продолжи друг обвинител. Во знак на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во Дубровник, Република Хрватска, каде што ќе учествува на 19. издание на Дубровник форум. Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата *„The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“*, посветена на европската интеграција на Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за продлабочување на соработката меѓу Европската Унија и земјите од регионот. Под мотото *„The Age of Multipolarity: Many Decisions, One Future“, Дубровник форум 2026 ќе собере високи државни претставници, креатори на политики, експерти и претставници на меѓународни организации, кои ќе…
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР . Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен на консензус. Политичките партии во текот на утрешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура.
