Author: Author 04

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и еден за управување на нерегистрирано возило. Двајца возачи во Прилеп и по еден во Тетово, Куманово, Неготино и Битола управувале возило без возачка дозвола. Додека, еден возач во Тетово управувал нерегистриран мопед. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. „На средбата разговаравме за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси. Ја истакнавме важноста од одржување на стабилноста и продлабочување на партнерството меѓу двете земји во интерес на нашите граѓани“, посочи Бегај.

Повеќе

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека е во тек исплатата на образовниот додаток за вториот мерен период од учебната 2025/2026 година. Од Министерството појаснуваат дека исплатата на образовниот додаток се реализира во четири мерни периоди во текот на учебната година. Исплатата за првиот мерен период се врши во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во месец мај во тековната календарска година, додека исплатата за четвртиот мерен период се реализира во текот на месец јули во тековната календарска година.

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска порача дека Македонија е „рекордер“ по бројот на уставни измени и дека земјата веќе нема простор за чекори без цврсти гаранции дека нема да се појават нови барања. Одговарајќи на повикот на европратеникот Томас Вајц за итно изгласување на уставните измени, таа нагласи дека сегашниот „погоден момент“ е поврзан со Украина и Молдавија, но дека поуките од минатото се клучни. „Ништо не би имала против уставни измени доколку се работи за Копенхашките критериуми или гарантирање малцински права, но нашиот Устав веќе има највисоки стандарди за малцинствата, за разлика од многу членки на ЕУ“, изјави претседателката. Таа…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската унија, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од Реформската агенда.На средбата беше констатирано дека…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријави дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да  ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало…

Повеќе

Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, Л.М.П.(19) од Скопје пријави дека околу 17:10 часот на подрачјето на Центар, додека се превезувал во автобус, две машки и едно женско лице најверојатно малолетници, со употреба на сила се обиделе да му ја одземат чантата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од скопско пријави дека на 19.02.2026 во семејниот дом, нивен роднина ја допирал и бакнувал нејзината деветгодишна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во СВР Скопје, Д.А. од с.Долно Лисиче, скопско, пријави дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.  

Повеќе

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и директорот на АХВ, Оливер Миланов, денеска одржаа итна средба со одгледувачите на овци поради појавата на болеста сипаници во кумановскиот регион. Надлежните апелираат на максимална будност и строго почитување на протоколите за да се спречи создавање на нови жаришта низ државата. Во моментов се спроведуваат засилени контроли во радиус од 10 километри околу жариштата во општина Липково. Сточарите се должни секоја промена или зголемена смртност кај стадата веднаш да ја пријават кај ветеринарните друштва, а движењето на животните е дозволено исклучиво со валиден ветеринарно-здравствен сертификат.

Повеќе