- Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
- Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
- Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
- Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
- Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
- Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
- Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
- Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
Author: Author 04
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите во 14:00 часот (12:00 UTC) на територијата на целата држава, кои покажуваат значителен пораст на вредностите во сите градови. Според официјалните податоци, највисока температура денеска е измерена во Велес, каде живата во термометарот достигна до 35.7 степени. Веднаш зад него е Демир Капија со измерени 35.2 степени, додека во Штип, Гевгелија и Кавадарци се регистрирани идентични 34.8 степени. Во Скопје исто така се бележат високи температури, па така на мерната станица Зајчев Рид се измерени 34.4 степени, а во Петровец 34.3 степени. Потоплиот бран не го одмина ниту Куманово…
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатата во емисијата „24 Анализа“, на ТВ24, нагласи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена, туку обид само козметички да се прикрие фактот дека по две години владеење резултатите изостануваат, и нема да донесе никаков напредок на државата. Тренчевска посочи дека наместо промена на политики и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, јавноста повторно гледа замена на министри и функции, без гаранција дека тоа ќе донесе било каков позитивен импулс. „Во последните две години има едно големо нула за сѐ, за целокупната состојба во државата, за сите ресори, дали е тоа економија, социјала,…
Поголеми плати и полесно напредување: Собранието го изгласа новиот Закон за јавнообвинителска служба
Собранието на денешната седница го донесе Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство. Новиот закон претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства. Законот воведува посебен систем за управување со човечките ресурси, со поедноставени и поефикасни постапки за вработување, намалена зависност од надворешни институции и избор на најстручните и најквалитетните кадри. Особено внимание е посветено на кариерниот развој на јавнообвинителските службеници. Се воспоставува јасна вертикална кариера и реални можности за професионално напредување до највисоките раководни…
Лишени од слобода шест лица во Скопје и Битола во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога На 25/26.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(33), И.А.(39), С.С.(24), А.А.(29) и А.Е.(18), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. На 26.06.2026 во 03:10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Н.(22) од Битола, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до 31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска на состанокот на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка меѓу Сида и УНДП, истакна дека енергетската политика во земјава веќе не се однесува само на производство на струја. На состанокот присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска, Ола Солстром, како и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. „Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина…
Советничката во Општина Центар, Диана Ристовска Додевски, денеска упати остри критики до градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ, обвинувајќи ги за лошите услови за живот и инфраструктурниот хаос на улицата „Охридска“ во Маџир Маало. Според неа, локалната власт свесно дозволува деградација на просторот во општината за задоволување на партиски и бизнис интереси. „Улица „Охридска“ во Маџир маало, е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат Центарци. Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко и Заев,…
Градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“, упатувајќи му искрени честитки за големиот успех и за достоинственото претставување на Македонија на регионалната музичка сцена. На средбата беше истакнато дека Општина Кисела Вода е средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни луѓе, а локалната самоуправа останува посветена на нивната поддршка и афирмација во различни области, особено во културата и уметноста. Во таа насока на манифестацијата Културно лето на Општина Кисела Вода, ќе настапи и Никола Станишиќ, победник на „Ѕвездите на Гранд 2025“. -Кисела Вода отсекогаш била дом на талентирани, вредни и успешни…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината. Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и…
Вчера во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско. Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што одземени му се возачките и сообраќајни документи и е исклучен од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
