- Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
- Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
- ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
- Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина
- 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило
- Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
- Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
- Го признал делото во полиција: Лице од Радовиш се заканувало на странски јазик во амбасада во земјава
Author: Author 04
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес учествуваше на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“. Настанот беше организиран во рамки на Бизнис форумот „Претворање на одржливоста во конкурентност“ од страна на МНР, Стопанската комора и ОН. Во своето обраќање министерката порача дека одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој и конкурентност на домашните компании. „Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како дополнителен трошок. Денес таа е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи. Компаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи…
Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип-Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента. Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело во таа коловозна лента. Во несреќата повредени се повеќе лица, кои веднаш се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. Дополнително, неколку лица се повредени од вдишување чад и се пренесени за укажување на лекарска помош, додека на терен се регистрирани нови жаришта на…
Две лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 03.07.2026 во 01:55 часот во гевгелиско село, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 45 годишен жител на селото, кој според пријавеното околу 00:10 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 02.07.2026 вo 19:00 часот во СВР Скопје 80-годишен маж пријави дека околу 14:00 часот во домот на…
Лишени од слобода 23 лица во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Радовиш, Битола, Ресен, Прилеп и Кичево во текот на изминатото деноноќие, затоа што кај нив при преглед е пронајдена дрога На 02/3.07.2026 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Б.(19), Г.Љ.(38), М.Б.(22), Н.Т.(25), М.А.(40) сите од Скопје, Н.Ј.(22) од с.Сладуево, демирхисарско, В.С.(35) од Македонски Брод, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно расчистување на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 02.07.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода…
Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и…
ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено и казниво по член 353-в став 2 в.в став 1, а в.в. член 45 од Кривичниот законик. Имено, во периодот од 2022 година до 16.03.2025 пријавените како службени лица вработени во Државен инспекторат за труд, иако биле должни да…
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари билатерална средба со министерката за економија на Косово, Артане Ризваноли, во рамки на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница во Приштина. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на енергетската соработка меѓу двете земји. Во фокусот на разговорите беа регионалното енергетско поврзување, сигурноста во снабдувањето, како и диверзификацијата на енергетските извори. Двете министерки разговараа и за забрзаната интеграција на регионот во единствениот европски енергетски пазар. Министерката Божиновска истакна дека денешните предизвици бараат партнерства што ги надминуваат националните граници. Според неа, Западен Балкан мора да настапува како поврзан и отпорен…
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје В.К.(19) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар додека бил со неговиот брат и другар со цел да се видат со друго лице, дошол А.Б. со уште едно лице и со огнено оружје-пиштол им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сериозен пожар попладнево го зафати пробиштипскиот регион, ширејќи се на отворен простор меѓу три локални села. Огнената стихија започнала на потегот меѓу селата Бучиште, Неокази и Петршино, по што сите расположливи сили биле упатени на терен. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека во селото Бучиште пожарот е веќе локализиран. Сепак, огнот зад себе остави материјална штета, при што во ова село има една изгорена куќа. Иако состојбата во Бучиште е ставена под контрола, нов бран од пожарот веќе се префрла кон соседното село Ратавица.
Активен пожар попладнево е регистриран во општина Штип, на местото викано „Исар“. Овој пожар е специфичен бидејќи се наоѓа во централното градско подрачје, а таму е зафатена ниска вегетација. Поради сериозноста на ситуацијата и близината до градот, веднаш е активирана воздушна поддршка за негово гаснење. Директорот на ДЗС, информираше дека ЕР трактор веќе е упатен кон штипскиот регион. „Ер трактор на ДЗС е полетан кон пожарот на штипскиот Исар“ Локалните противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат огнот од земја за да спречат негово ширење. Граѓаните од околните куќи со загриженост ја следат состојбата поради чадот…
