Author: Author 04

Украинска делегација предводена од секретарот на Советот за национална безбедност, Рустем Умеров, денеска во Женева ги продолжи билатералните разговори со американски претставници. На средбата учествуваат специјалниот пратеник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер. Главни теми на разговор се економската поддршка за Украина, подготовката на нови мировни преговори и процесот на размена на воени заробеници. Како што информираше Умеров, во делегацијата се и пратениците Дејвид Арахамија, Олексиј Соболев и Дарина Марчак. „Важен блок е хуманитарниот сегмент и прашањето за можни размени. Очекуваме конкретни резултати во врска со враќањето на нашите граѓани“, изјави Умеров. Тој нагласи дека се…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (петок, 27.02.2026) дел од корисниците во општината Центар ќе останат без снабдување со електрична енергија. Според најавите, прекинот ќе трае во периодот од 07:30 до 15:30 часот. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улица „Новопроектирана 2“, како и дел од локалите и зградите лоцирани на булеварот „Партизански одреди“ (броеви 15-17) и на булеварот „Климент Охридски“.

Повеќе

Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите, не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план.„Апелирам да не се создава лажна перцепција дека Буџетот е во банкрот. Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа…

Повеќе

„Инвестициите коишто или се почнати или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИР Зони изнесуваат околу 650 милиони евра, тоа се 17 проекти коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места, а во делот на извозот се очекува да го зголемат за околу 2 % од БДП, поточно во вредност од околу 400 милиони долари дополнителен извоз на почетокот, што би достигнало до една милијарда евра. И тоа се инвестициите во ТИР зоните“, посочи премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања, додавајќи дека инвестиции има и вон…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се огласи по повод 22-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски. Мицкоски истакна дека државата со почит се сеќава на човекот кој својата служба ја извршувал со достоинство и верба во иднината. „Денес со длабока почит и благодарност се сеќаваме на човекот кој својата служба кон татковината ја извршуваше со достоинство, визија и непоколеблива верба во иднината на државата. Неговото лидерство беше водено од идејата за стабилна, демократска и европска Македонија, држава на соживот, разбирање и еднакви можности за сите“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека и по повеќе од две децении, обврската…

Повеќе

Жена од Скопје, со иницијали С.Ц., вчера попладне била хоспитализирана во кумановскиот Ургентен центар откако била физички нападната во домот за стари лица каде што престојувала. Случајот во СВР Куманово бил пријавен од страна на медицинскиот персонал во 16:55 часот. Според полицискиот билтен, жената се здобила со повреди по напад од две лица кои исто така се корисници на услугите во истиот дом. „Според пријавеното, таа била физички нападната од две лица кои, исто така, престојувале во домот“, соопштија од полицијата. Од раководството на Домот за стари лица потврдуваат дека се запознаени со инцидентот. Тие посочуваат дека дополнителни чекори ќе…

Повеќе

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(52) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.К.(46) од кичевското село Аранѓел поради постоењер основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, против Д.С.(41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, како и против едно правно лице со седиште во Длапкин Дол. На 08.01.2025, Ф.Д., во својство на градоначалник на општина Кичево, искористувајќи ја својата службена положба донел план за…

Повеќе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска од собраниската говорница ги демантираше тврдењата за кратење на земјоделските субвенции. Според него, новата Програма за директни плаќања има за цел воведување ред и правична распределба на државната помош. Трипуновски појасни дека целта е поддршката да заврши кај вистинските земјоделци, а не да се користи ненаменски. Како клучна промена ги наведе зголемените минимални прагови за користење на субвенциите, кои ќе се воведуваат постепено. „Поткревањето на праговите нема да се случи веднаш во првата година од воведувањето на Програмата, туку во наредните две години, направена е посебна мерка во Програмата и сите…

Повеќе

Утре, на 27-ми февруари, не очекува сончево време со мала локална облачност и слаб ветер од променлив правец. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер. Максималните температури ќе достигнат до 16 степени во Гевгелија, додека во Скопје и Демир Капија ќе изнесуваат 15 степени. Во Струмица се очекуваат 14 степени, во Велес, Штип и Тетово до 13, а во Охрид, Битола и Крива Паланка температурата ќе се искачи до 12 степени. Најсвежо ќе биде во Прилеп со 11, Берово со 10 и Маврово со 9 степени. Утринските температури на места ќе се спуштат…

Повеќе

Вчера во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Повеќе