Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев ги презентираше реформите: Платите во администрацијата ќе пораснат за 40 отсто, В.Д. мандатите се кратат на 6 месеци

    Минчев ги презентираше реформите: Платите во администрацијата ќе пораснат за 40 отсто, В.Д. мандатите се кратат на 6 месеци

    01.07.2026 во 14:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. По две години работа, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби.

    „Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни темели на систем кој со години се соочуваше со одложувања и недовршени процеси“ истакна министерот Минчев, посочувајќи дека еден од најзначајните резултати е усвојувањето на трите системски закони во областа на јавната администрација:Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

    Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. „Реформата на јавната администрација не може да биде успешна без да се грижиме за луѓето кои секојдневно ја носат работата на институциите“ нагласи Минчев.

    Важен чекор кон професионализација на управувањето е донесувањето на Законот за високи раководители, со кој за првпат се воспоставува единствен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во државната администрација. Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменици директори во институциите каде што е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, со ограничувањето на В.Д. мандатите на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори на три члена, се создава поголема стабилност, ефикасност и рационално користење на јавните средства.

    Паралелно со законските промени, воспоставена е Академијата за јавна администрација како нов систем за развој на знаењата, компетенциите и професионалниот потенцијал на административните службеници. Со модернизацијата на Центарот за обука во Аеродром, реализацијата на обуки за повеќе од 1.000 административни службеници низ државата и развојот на современ електронски систем за учење ЛМС, се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата. „Академијата не ја гледаме само како нова институција, туку како инвестиција во луѓето и мотор на модерната администрација“ истакна министерот.

    Во изминатиот период беа реализирани и други значајни процеси, унапредување на Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, воспоставување механизми за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација, реформа на инспекцискиот систем, како и подобрување на процесите за управување со квалитетот во институциите. Министерството продолжи и со активностите во рамки на Партнерството за отворена власт, преку кое се зајакнува транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во креирањето јавни политики, а паралелно се унапреди и процесот на проценка на влијанието на регулативата (ПВР) преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

    Со сите овие активности, Министерството за јавна администрација во изминатите две години направи значајни чекори во воспоставувањето на нова рамка за функционирање на јавната администрација. Овие процеси претставуваат цврста основа за администрација која ќе се гради врз знаење, компетентност и одговорност, со крајна цел граѓаните да добијат поефикасни институции и подобри услуги.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.