Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаневска: МОН добива 19,2 милиони евра од ЕУ за успешно исполнети цели од Реформската агенда

    Јаневска: МОН добива 19,2 милиони евра од ЕУ за успешно исполнети цели од Реформската агенда

    01.07.2026 во 13:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската унија ќе го дополни буџетот на Министерството за образование и наука со 19,2 милиони евра, како резултат на реализираните обврски од домашната Реформска агенда. Средствата се наменети за продолжување на започнатите образовни реформи во државата.

    Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, изрази задоволство од партнерскиот однос со Владата и европските институции.

    „Кон преземените обврски преку Реформската агенда, пристапивме одговорно и работевме посветено. Така и ќе продолжиме. Резултатот е евидентен и јас сум задоволна од досегашната исполнетост на поставените цели, за што, сакам да им се заблагодарам на Владата и институциите со кои партнерски работевме и секако на Европската унија која ќе го дополни буџетот на МОН со 19,2 милиони евра, со кои ќе ги продолжиме образовните реформи.“

    Јаневска посочи дека во делот на човечкиот капитал успешно се заокружени три клучни реформи во основниот и средниот сегмент.

    Како дел од процесот, над 160 основни училишта во земјава веќе се дигитализирани и опремени со безжична мрежа и современа ИТ опрема.

    „Во областа на човечкиот капитал, Министерството за образование и наука успешно ги реализираше трите клучни образовни реформи. Над 160 основни училишта опремивме со безжична опрема и современи ИТ алатки, кои овозможуваат безбеден пристап до интернет.Имплементиравме нова методологија за финансирање на основното образование, почнувајќи од оваа буџетска 2026 година со што обезбедивме повеќе средства и нивна правична распределба кон училиштата. Третата мерка е исполнета предвреме – усвоен е нов модел на финансирање на средното и стручното образование, исто така применет од почетокот на оваа тековна буџетска година.“

    Дополнително, од оваа буџетска година веќе се применуваат и новите пресметки за финансирање на средното и стручното образование во Македонија.

    Крајната цел на овие инвестиции, според најавите, е создавање на поквалитетен и европски ориентиран образовен систем за учениците.

    „Продолжуваме понатаму до целосно исполнување на сите преземени обврски во Реформската агенда, а тие подразбираат инвестиции во поквалитетно и европски ориентирано образование“, рече Јаневска.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.