Author: Author 04

Денешниот ден носи засилена напнатост и искушение за нагли реакции. Клучот за успехот е фокусот – ако дејствувате со јасна намера, можете да ги придвижите работите што долго стоеле во место. Запомнете: контролата носи резултати, импулсивноста носи хаос. Овен Енергијата ви е силна и бара излез. Имате нагон веднаш да смените нешто во вашето социјално опкружување. Наместо импулсивна реакција, насочете ја силата кон конкретна задача што одамна не мрднува. Кога имате цел, напредокот е реален. Бик Притисокот од надвор може да направи да се чувствувате како некој да ве турка против ваша волја. Не влегувајте во тврдоглав отпор. Изберете една…

Повеќе

Вкупнато количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемена во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, посочи министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година.  Единствено се забележува намалување на железничкиот превоз за 13,4 проценти и тоа се должи на започнатите инфраструктурни проекти на железничката мрежа долж Коридор 10, рече Николоски.  Николовски истакна…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ од официјалната посета на Казахстан упати драматично предупредување до светската јавност. Тој оцени дека конфликтот во Украина нема наскоро да заврши и дека светот се движи кон една од најтешките години во поновата историја. „Сите знаете што мислам. Секој стигнува до ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија. Не би ја исклучил можноста во текот на оваа година да се користи неконвенционално оружје“, изјави Вучиќ во Астана. Претседателот нагласи дека се плаши оти неговите проценки за долготраен конфликт ќе се покажат како точни, што дополнително ја комплицира глобалната безбедносна и економска…

Повеќе

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти во Будимпешта, оствари средба со претседателот на Сенатот на Чешката Република, Милош Вистричил. Двајцата соговорници ја потврдија заложбата за унапредување на односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан. Милошоски изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешка ѝ ја дава на Македонија на патот кон европските интеграции. „Заедничка констатација е дека унапредувањето на соработката меѓу земјите од Вишеградската група со државите од Западниот Балкан е взаемно корисен процес за искористување на стопанските потенцијали, како и за подобро усогласување на ставовите во однос на глобалните предизвици за…

Повеќе

Македонија го загуби првиот предмет пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за нечовечко постапување во затворот „Идризово“. Затвореникот Ф.М успеа да ја докаже правдата во Стразбур, откако домашните судови не успеаја да лоцираат вина за инцидентот во кој тој бил брутално претепан од затворски полицаец. Настанот се случил на 3 август 2020 година пред затворската кантина. Затвореникот се жалеше дека бил изложен на тортура и дека македонските власти не спровеле ефективна истрага. Соочена со доказите, Владата доставила унилатерална декларација до Судот во која признала повреда на член 3 од Конвенцијата за човекови права. Државата се обврзала да му исплати…

Повеќе

Морничави детали излегуваат на површина за убиството на 35-годишната Марија Маринковска, чија смрт првично беше заведена како природна. Нејзиниот татко, Зоран Маринковски, открива дека последниот контакт на Марија со семејството бил исполнет со страв и претчувство за најлошото. Во својата изјава за Радио Бум, таткото раскажува дека Марија последен пат разговарала по телефон со својот брат. Во тој судбоносен разговор, таа вознемирено му рекла дека некој упорно ѝ тропа на вратата и дека чувствува голем страв. Утредента, семејството ја примило веста дека таа е мртва. Иако првично се верувало во природна смрт, ексхумацијата извршена 40 дена по погребот ја откри…

Повеќе

Таткото на 35-годишната Марија Маринковска, чие тело неодамна беше ексхумирано по сомнежите за убиство, тврди дека семејството претходно пријавувало во полиција дека осомничениот Т.Б. ја прогонувал. Зоран Маринковски во изјава за Радио Бум открива дека неговата ќерка дури и лично се пожалила кај полицајците во Старо Нагоричане дека Т.Б. ѝ додева и ја следи. „По пријавата, полицајците отишле кај него, но тој избегал и не бил дома“, раскажува таткото, кој претходно бил одбиен од кумановската полиција со образложение дека жртвата мора сама да пријави во локалната станица. Марија била пронајдена мртва во својот дом, а првичните информации укажувале на природна…

Повеќе

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење засилена автентикација на клиентите при извршувањето онлајн плаќања со платежни картички. Засилената автентикација има за цел да обезбеди заштита на паричните средства на граѓаните и на компаниите кај банките преку дополнителни сигурносни проверки на идентитетот на лицето при извршувањето на плаќањата без физичко присуство. Имајќи предвид дека граѓаните и компаниите имаат сѐ поголема потреба за извршување секојдневни онлајн купопродажби, а со тоа и плаќања преку интернет, заради нивната брзина и практичност, се зголемува и потребата од повисоко ниво на безбедност. Дигиталните напади и обидите…

Повеќе

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед

Повеќе

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и понатаму се наоѓа во сериозна здравствена состојба на Клиниката за пулмологија во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, тој е поврзан на механичка вентилација поради тешка билатерална пневмонија. Лекарите посочуваат дека клиничката слика е дополнително отежната поради неговите претходни хронични заболувања, меѓу кои дијабетес и срцеви проблеми. „Мерките за интензивна нега продолжуваат. Засега е стабилен, мирно ја помина ноќта“, изјави д-р Спасоје Попевиќ, помошник-директор на Клиниката, нагласувајќи дека борбата за неговиот живот продолжува. Дачиќ беше итно хоспитализиран во средата, а вчера во болницата го посети и претседателот Александар Вучиќ. Нови…

Повеќе