Author: Author 04

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство и свесно забавување на реформскиот процес во Собранието. Според неа, постои јасна разлика меѓу јавната реторика на опозицијата за европските вредности и нивните конкретни дејствија во законодавниот дом. „Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност. Лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува…

Повеќе

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до власта, тврдејќи дека Владата на Мицкоски систематски го уништува пензискиот систем во државата. Според неа, финансиската состојба е критична, со зголемен дефицит во државниот фонд и директна закана за идните пензионери. „Пари нема, дупката во ПИОМ е зголемена на 40%, а загрозен е и вториот пензиски столб. Гувернерот Трајко Славески, од ВМРО, изјави дека до 80% од идните пензионери кои ќе се пензионираат во периодот 2030–2032 година нема да можат да обезбедат ниту минимална пензија“, истакна Младеновска. Таа додаде дека наместо да го зајакне вториот…

Повеќе

Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство”, во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско. На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во…

Повеќе

Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања. „Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправното членство. „Доколку новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш…

Повеќе

ОВР  Струга поднесен кривична пријава против Ч.Д.(35) од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по чл.201-а од Кривичниот законик. Пријавениот на 15.05.2026 година околу 12 часот, на локален пат во селото Заграчани, физички нападнал 10-годишник од истото село.

Повеќе

Лишени од слобода двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово, следуваат кривични пријави На 27.06.2026 во 11:30 часот на патот Гостивар- Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода В.М. (30) од с. Боговиње, затоа што со товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивен правец од дозволениот правец на движење. Исто така, на 27.06.2026 во 12:30 часот, на патот Гостивар– Тетово, кај наплатната рампа Тетово, полициски службеници го лишија од слобода и М.Д. (55) од с. Фалише, затоа што со товарно возило „фолксваген“…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат.

Повеќе

Времето утре сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, соопшти УХМР. До вторник времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Под влијание на циклонска активност од вторник од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец,…

Повеќе

Во Италија е во тек обемна потрага по Луиџи Кавалари, сопруг на министерката за семејни прашања Еугенија Рочела, кој исчезнал во езерото Вико, недалеку од Рим. Локалните и националните безбедносни служби се максимално мобилизирани на терен по сериозниот инцидент кој го крена алармот кај италијанската јавност. Според првичните информации, Кавалари бил на чамец заедно со сопругата кога завршил во водата. Засега не е познато дали самиот скокнал или случајно паднал, а околностите на инцидентот сè уште се предмет на истрага. Веднаш по пријавата на местото пристигнале карабинери, пожарникари, медицински екипи и спасувачки тимови, кои започнале интензивна потрага по исчезнатиот професор.…

Повеќе