Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

    Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

    28.06.2026 во 12:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување.

    Во обраќањето, министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка доколку претставуваат мост кон полноправното членство.

    „Доколку новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка која ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

    Тој нагласи дека иницијативите како СЕПА и Планот за раст веќе покажуваат конкретни придобивки за регионот преку поттикнување на реформите и обезбедување директна финансиска поддршка, оценувајќи дека ваквите механизми можат значително да придонесат за побрза европска интеграција.

    Осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакна дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес.

    Во однос на прашањата поврзани со македонскиот идентитет, министерот порача дека не постои „северномакедонски“ народ, „северномакедонски“ јазик или „северномакедонски“ идентитет, туку единствено македонски народ, македонски јазик и македонски идентитет, нагласувајќи дека секој обид за нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор.

    Говорејќи за европската интеграција, Муцунски истакна дека државата продолжува да испорачува резултати во спроведувањето на реформите и останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, при што, како што посочи, придонесува и пошироко од формалната усогласеност.

    Во однос на билатералните односи со Бугарија, министерот оцени дека со новата легитимна влада во Софија постои можност за разговор за отворените прашања, но и за заедничката европска иднина.

    „Нашата намера не е само да ги започнеме пристапните преговори и по неколку месеци повторно да се најдеме во истата ситуација. Нашата цел е да ги започнеме и успешно да ги завршиме врз основа на европското законодавство, Копенхашките и Мадридските критериуми“, порача Муцунски.

    Во завршниот дел од своето обраќање, министерот упати повик до земјите членки на Европската Унија од Југоисточна Европа за уште поактивна поддршка на европската интеграција на регионот, оценувајќи дека е потребен заеднички напор за искористување на актуелната историска можност.

    „Историската шанса постои. На нас е да ја препознаеме и да ја искористиме за да одиме напред“, заклучи министерот Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.