Во рамки на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, одржана на Дубровник форумот, професорот на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и долгогодишен експерт за Југоисточна Европа, Едвард П. Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања.
„Ова е уште една грешка на Европската Унија. Не треба да се врши притисок врз Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања“, истакна Џозеф.
Тој нагласи дека постојат и други можности за надминување на ваквите ситуации во рамките на институционалните механизми на Европската Унија, посочувајќи дека решенија се можни доколку постои политичка волја.
„ Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата кога се одлучуваше за Украина“, подвлече тој. На истиот панел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски посочи дека, според 26 земји членки и институциите на Европската Унија, Северна Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми.
Истовремено, нагласи дека една земја членка инсистира и на дополнителен сет билатерални барања, кои вклучуваат прашања поврзани со националната историја, како и други области што, според него, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.
- Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
- Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
- Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
- Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
- Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
- Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
- Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
- Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки

