- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски и директорот на АХВ, Оливер Миланов, денеска одржаа итна средба со одгледувачите на овци поради појавата на болеста сипаници во кумановскиот регион. Надлежните апелираат на максимална будност и строго почитување на протоколите за да се спречи создавање на нови жаришта низ државата. Во моментов се спроведуваат засилени контроли во радиус од 10 километри околу жариштата во општина Липково. Сточарите се должни секоја промена или зголемена смртност кај стадата веднаш да ја пријават кај ветеринарните друштва, а движењето на животните е дозволено исклучиво со валиден ветеринарно-здравствен сертификат.
Вчера во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое e сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. -Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил местото. При тоа со телесни повреди, констатирани во Клинички центар Тетово, се здобила Л.К.(23) од с.Палатица, вработената во маркетот, а предизвикана е и штета на објектот, информираат од СВР Тетово. По наредба…
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се врши корекција на цените на нафтените деривати. Од полноќ, возачите кои користат дизел ќе плаќаат поскапо гориво, додека цените на бензините мируваат. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари по литар и ќе изнесува 71,00 ден/лит. Исто толкаво зголемување има и кај Екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе се продава по цена од 70,00 ден/лит. Од друга страна, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети.
Дрон се урна на околу 100 метри од селото Цилија Века, спроти украинска територија Романија ги крена борбените авиони за да ја следи ситуацијата за време на нападот Украинската воздушна одбрана собори дрон рано утрово во близина на романската граница за време на рускиот напад врз пристанишната инфраструктура на Дунав, објави романското Министерство за одбрана. Според министерството, леталото било соборено на околу 100 метри од селото Цилија Века, спроти украинска територија, објави Ројтерс. Романија ги крена борбените авиони за да го следи нападот. Земјата, која е членка и на Европската Унија и на НАТО, дели копнена граница од 650 километри…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Казахстан ги сподели најновите информации за здравствената состојба на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој се наоѓа на интензивна нега. Вучиќ призна дека е многу загрижен и најави дека веднаш по слетувањето во Белград ќе се упати во болница. „Нема промена во неговата состојба, што е добро, но очекувавме побрзи промени. Се плашиме дека има нешто друго што не можеме да го видиме во овој момент“, изјави Вучиќ, додавајќи дека е во постојан контакт со министерот за здравство. Тој истакна дека ситуацијата е сериозна и дека се надева оти министерот набрзо ќе се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер на која разговараа за унапредување на билатералната соработка, економските перспективи и заедничките предизвици со кои се соочува регионот и Европа. „Средбата помина во конструктивна и пријателска атмосфера, при што ја потврдивме заедничката заложба за продлабочување на партнерството, јакнење на институционалниот дијалог и поттикнување на стабилноста и просперитетот. Остануваме посветени на градење силни и одржливи односи, засновани на меѓусебна доверба, почит и споделени европски вредности“, посочи Мицкоски.
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција рече дека сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Тетарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус, истакна Кузеска. „Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ. Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор. Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатираше обвинителството. Според него ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка. Мицкоски вчера, јавно, на телевизија рече дека тоа биле класифицирани…
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го пречека албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и на албанската делегација. Во фокусот на разговорите беа севкупните билатерални односи, кои се традиционално пријателски и партнерски, како и можностите за нивно понатамошно продлабочување во повеќе сфери од заемен интерес. Соговорниците разменија мислења за европските аспирации на двете држави, соработката во рамките на НАТО алијансата и актуелната безбедносна состојба на европскиот континент, како и за соработката во рамки на регионалните иницијативи. Беше изразена…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до СДС, обвинувајќи ги за молк и страв по пратеничките прашања поврзани со Артан Груби. Според Петрушевски, хистеријата кај опозицијата е резултат на стравот од она што Груби може да го открие за криминалите на претходната власт. „Стравот од можните искази на Артан Груби го притисна паник тастерот во Бихаќка. Дали стравот кај Вице и Зоран Заев е навистина толку голем, па затоа Филипче, Спасовски и Зечевиќ делуваат толку вознемирено?“, запраша Петрушевски. Тој посочи дека дури и потпретседателката на СДС, Јованка Тренчевска, признала дека за случаите каде се сомничи Груби, одговорност…
Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински ќесички со никотин и 48 пакувања никотински ќесички – снус кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на…
