Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС цело време зборуваат за европски реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС цело време зборуваат за европски реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат

    28.06.2026 во 10:142 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СДС постојано зборува за европски вредности, но кога ќе дојде време да покаже нешто на дело, ги нема никаде. Не е проблем ако опозицијата има различно мислење, туку тоа што од СДС цело време зборуваат за тие европски вредности и за реформи, а кога ќе дојде време да гласаат за законските решенија во Собранието не гласаат. Не гласаа за ниту едно законско решение, ниту во 2024, ниту во 2025 година, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Притоа, избегаа од работната група за Изборниот законик, а таа работна група не спроведува никаква партиска агенда, туку има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР, стандарди кои самата ЕУ ги бара и стандарди за кои од СДС велат дека ги сакаат, па сепак бегаат.

    Што точно претставува европскиот пат за СДС? Имаат ли некоја идеја поинаква од онаа што самата ЕУ ја има?

    Не е важно дали се во опозиција или се на власт, луѓе кои и сакаат добро на државата и на граѓаните би ги поддржале законите кои се во нивен интерес. Тоа е минимумот што треба една опозиција да го направи покрај нејзината конструктивност. СДС не го исполнува ниту тој минимум.

    Неделава беа дополнети Предлог-законот за судска служба, Предлог-законот за јавнообвинителска служба и Предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори, а усвоени беа Предлог-законот за високи раководители, како и Предлог-законот за оружје.

    Македонија и годинава ќе биде прва во регионот затоа што повторно ќе ги испорача обврските кои и се зададени и ќе ги донесе законите што се дел од Реформската агенда.

    Доколку СДС продолжи со политиката на здружување со ДУИ и од опозиција се обиде преку опструкции да го забавува реформскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ нема да се води од дневнополитички пресметки. Наш приоритет останува исполнувањето на реформската агенда и донесувањето на сите неопходни законски решенија во предвидениот рок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.