Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Изгласани низа законски измени по скратена постапка, помина и Законот за трансплантација на органи

    Изгласани низа законски измени по скратена постапка, помина и Законот за трансплантација на органи

    29.06.2026 во 17:143 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието во попладневниот дел денеска одржа продолженија на три собраниски седници – 105, 106 и 108, на кои пратениците изгласаа повеќе законски измени по скратена постапка, меѓу кои и Законот за Советот на јавните обвинители и Законот за пресадување делови од човечкото тело.

    На продолжението на 105. седница, без расправа со 59 гласа „за“ беа донесени измените на Законот за Царинската тарифа и Законот за ревизија, а беа усвоени и финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2025 година.

    Во рамки на 106. седница, пратениците со 59 гласа „за“ ги изгласаа измените на Законот за работно ангажирање на лица, како и Законот за финансиски лизинг, додека Законот за Советот на јавните обвинители помина со 59 гласа „за“ и 18 „против“.

    Најголема дебата предизвика 108. седница каде со 58 гласа „за“ и шест „против“ се донесоа измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување.

    Министерот за здравство Азир Алиу потенцираше дека со овој закон се проширува кругот на можни живи дарители до четврто колено, но и се воведува јасна лична изјава на секој граѓанин.

    „Измените кои денеска ги предлагаме не се само правни и административни, туку се една порака дека нашиот здравствен систем се гради врз достоинството на човекот, солидарноста и почитувањето на личнат волја. Со овој закон првично се проширува кругот на можни живи дарители на органи и се вклчуваат сродниците до четврто колено, но истовремено ги зајакнување и заштитните механизми и секој случај ќе биде предмет на проценка од Етичката комисија, која ќе ја утврди доброволната одлука и ќе гарантира臤 нема притисок, злоупотреба или трговија со органи“ – изјави Алиу.

    „Од сега државата нема да претпоставува, туку граѓанинот сам ќе одлучи и ќе може да каже да, сакам по мојата смрт да помогнам некој друг да живее или не, тоа не е мој избор. Тоа е највисокиот степен на почитување на човечкото достоинсто и личната автономија на нашите граѓани“ – порача Алиу.

    Пратеникот Илир Хасани од ДУИ изрази сериозни сомнежи во однос на безбедноста и тајноста на личните податоци на тие што ќе дадат согласност за дарување органи, поради што не го поддржа законот.

    „Мислам дека треба требаше да се создаде терен за поддршка на овој закон. Јас како Илир не се чувствувам сигурен моето име Илир да го има на некоја листа за можна трансплантација, бидејќи, хипотетчки би бил таргет и можност за некој мене да ме искористи за давање или земање органи. За жал во оваа форма како што е напишан овој закон, јас нема да дадам поддршка“ – изјави Хасани.

    До крајот на овој блок седници, пратениците ги донесоа и измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (57 гласа „за“) и Законот за заштита и спасување (58 гласа „за“).

    Собранието по ова продолжи со работа по 110. седница, каде на дневен ред се новите измени на Изборниот законик кои се дел од реформската агенда.

    Прочитај повеќе

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.