- Три лица претепале 83-годишен скопјанец
- Тројца загинати во руски напади врз Краматорск
- Мајка ќе одговара за „одземање на дете“
- Зеленски до Лукашенко: Имате една недела да ја отстраните руската опрема
- Тетовска драма: Се испотепале две млади момчиња
- Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота
- Тешко повреден 80-годишен велосипедист
- Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина
Author: Author 04
Вчера во 21:05 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиja од слобода Г.Ц.(38) од Кавадарци. По добиени оперативни сознанија и по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Г.Ц., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, семки од канабис и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Утрово во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава.
Уставниот суд на Република Северна Македонија започнува со најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење. Почнувајќи од 4 март, јавноста за првпат ќе може во живо да ги следи седниците преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Јутјуб и Фејсбук. Од Судот посочуваат дека со овој потег се отвора ново поглавје во односот со граѓаните, кои ќе можат во реално време да ги видат расправите и аргументите при носењето на клучните одлуки за државата. „Оваа одлука претставува круна на повеќегодишниот процес на постепено спроведување на Програмата за управување со комуникациите. Секој граѓанин ќе може да види како се…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до опозициската СДС, обвинувајќи ги дека биле сојузници во криминалот на Артан Груби. Според него, паниката во СДС е евидентна бидејќи се плашат од она што Груби би можел да го открие пред истражните органи. Петрушевски истакна дека пратениците од СДС избегнуваат дури и да постават прашања поврзани со Груби во Собранието. ,,Филипче, Заев, Спасовски, Зечевиќ и останатиот дел поранешни функционери на СДС, се фатени во голема паника и хистерија од можните искази во обвинителството на Артан Груби. Во СДС се свесни што се може да каже Груби, па затоа и…
Иранската војска започна масовни напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати. Како што пренесува иранската агенција „Фарс“, овој напад е директна одмазда за заедничките воени операции на САД и Израел на иранска територија. На мета се најдоа клучните бази Ал Удеид во Катар, Ал Салем во Кувајт, Ал Дафра во ОАЕ, како и американската поморска флота во Бахреин. Од Катар потврдија дека ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле соборени од катарската ПВО. Слична е ситуацијата и во Кувајт, каде се огласија сирените и беа пресретнати ракети во близина на седиштето на…
Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, денеска упати обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски за, како што рече, окупација на Развојната банка заради бизнис интереси. Според партијата, назначувањето на Ефимија Димовска за прв човек на банката е директно поврзано со деловните релации на Мицкоски во енергетскиот сектор. Фрчкоски истакна дека сопругот на Димовска, Димитар Димовски, е долгогодишен партнер на Мицкоски во хидроцентралите преку компанијата „Енерготек“. ,,Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје.…
Министерот за здравство, Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ретките болести истакна дека сменета е процедурата како да се стигне до тие лекови за пациентите со ретка болест. – За првпат во нашата држава отвораме тригодишна постапка заради една цел. Како што знаете секоја година оваа категорија граѓани кои имаат ретка болест со задоцнување ги добиваа лекарствата или за жал чекаа по недела или месец дена. Зошто? Затоа што ретките болести се почести и кај нас и во светот, заради технологијата, методологијата на детектирање во рана фаза, кажа Алиу. Тој појасни дека вториот момент, земајќи го во…
Интернет услугите во Иран се речиси целосно во прекин по почетокот на американските и израелските воени операции, потврди денеска групата за следење на интернет „НетБлокс“. Според извештаите, падот на мрежата е во согласност со претходните безбедносни мерки што земјата ги применуваше за време на конфликтите. „Потврдено: Податоците од мрежата покажуваат дека интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати. Инцидентот се случува во време на американските и израелските воени операции и е во согласност со мерките што се користеа за време на минатогодишната војна со Израел“, соопшти групата, а пренесе „Ен-Би-Си Њуз“. Дополнително, локалните агенции известуваат дека во делови од…
Здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ засега е стабилна, изјави денес д-р Весна Ќериман Крстиќ, пулмолог на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија, каде што Дачиќ беше примен во среда со билатерална пневмонија. Таа за ТВ Прва изјави дека се додека е на респиратор, како што е сега, неблагодарно е да се даваат прогнози. Одговарајќи на прашањето дали има подобрување на здравствената состојба на Дачиќ, таа изјави дека е тешко да се зборува за тоа се додека пациентот е на механичка вентилација бидејќи тогаш, како што објасни, состојбата може да се менува од час во…
Силни експлозии одекнуваат низ Израел откако Иран започна масовен бран напади со балистички ракети. Сирените за воздушна опасност се активирани во Ерусалим, околината и низ целиот северен дел на државата, додека граѓаните бараат засолниште. Израелските одбранбени сили (ИДФ) веднаш ги активираа противракетните системи за пресретнување на проектилите. Според првичните информации објавени од „Тајмс оф Израел“, до овој момент нема извештаи за повредени лица. Освен во Израел, извештаи за паднати ракети пристигнуваат и од други делови на регионот, вклучувајќи ги Абу Даби и Бахреин. Состојбата останува крајно напната додека израелската ПВО се обидува да го сопре нападот. #BreakingNews 🇺🇸🇮🇱⚔️🇮🇷#Iran targeted the…
