- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
Фудбалскиот свет е во шок по веста за смртта на младиот сенегалски напаѓач Јусу Диуф, кој почина во неделата веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу АС Салуум и Амитие. Трагедијата се случила во рамките на 16-тото коло од втората лига на Сенегал. Веднаш по последниот судиски свиреж, Диуф доживеал срцев удар и колабирал на теренот пред очите на присутните. Она што ја прави ситуацијата уште попотресна е фактот дека за младиот напаѓач ова бил дебитантски настап. Тој во игра влегол во последните десет минути од средбата, не претчувствувајќи дека тоа ќе бидат неговите последни моменти на фудбалските терени. Иако медицинските…
Коксот Лукавац, познат како еден од водечките производители на металуршки кокс во регионот, ги затвора своите врати, а неговите погони се во фаза на постепено затворање. Повеќе од 800 вработени во Коксот Лукавац во близина на Тузла ги загубија своите работни места од понеделник, откако беше донесена одлука за ликвидација на фабриката, која беше меѓу најголемите индустриски претпријатија во Босна и Херцеговина. По 60 години работење, Коксот Лукавац, познат како еден од водечките производители на металуршки кокс во регионот, ги затвора своите врати, а неговите погони се во фаза на постепено затворање за да се избегне загадување на животната средина.…
Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, веднаш по пристигнувањето во Шимановце за снимање на новата емисија „Ѕвездите на Пинк“, откри како се чувствува Зорица Брунцлик, која отсуствуваше од ова музичко натпреварување неколку недели. На прашањето дали слушнала од Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, кој ѝ подарил Rolex Rainbow Datejust во неговиот пренос во живо, таа рече: Во последните денови, корисниците на социјалните мрежи ги споредуваат златните сценски костими што ги носат Јелена Карлеуша и Теа Таировиќ, бидејќи се речиси идентични, а сега ЈК јавно ја критикува својата помлада колешка.
Министерството за образование и наука (МОН) заедно со универзитетите ќе го финализира новиот закон за високо образование преку инклузивна јавна дебата, порача денеска министерката Весна Јаневска пред почетокот на дискусијата на УКИМ. Таа нагласи дека МОН не е спротивставена страна на академската заедница, туку партнер во процесот. Јаневска остро ги демантираше тврдењата кои деновиве се појавија во јавноста во врска со студирањето и научното истражување. „Деновиве се изнаслушавме дезинформации и, би рекла, конкретни лаги, дека се укинува вонредното студирање, дека државата не финансира објавување научно-истражувачки трудови итн. Лагите и дезинформациите во суштина се на штета на државата и на младите…
Украинската делегација се подготвува за следната рунда трилатерални преговори, која ќе се одржи околу 27 февруари, изјави денес шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов, во разговор со новинарите на маргините на Меѓународната конференција за правда. „Мислам дека веќе е официјално потврдено дека следната рунда трилатерални преговори ќе биде околу 27 февруари, плус-минус еден или два дена, што значи дека и 26 февруари целосно спаѓа во овој временски рок. Ова е протоколарно прашање и сите три страни мора да го решат ова меѓу себе. Се подготвуваме“, рече Буданов, пренесува Укринформ. Тој додаде дека руската делегација не го покренала прашањето…
Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Н.Е. Михалис Рокас, Амбасадор на Европската Унија, посветена на тековните реформски процеси во јавната администрација и нивното понатамошно усогласување со европските стандарди и принципи на добро управување. Во рамки на разговорите беа разгледани повеќе системски закони од клучно значење за функционирањето на администрацијата: Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, со осврт на доставените мислења и препораки од СИГМА, Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за организација и работа на органите на државната управа, како и Законот за Влада. На…
Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска пристигна на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ во Кошутњак, каде пред новинарите проговори за претстојната комеморација за Саша Поповиќ, која ќе се одржи во сабота, на 28 февруари. Иако помина речиси една година од смртта на креативниот директор на „Гранд“, Цеца откри дека поради професионални обврски нема да може физички да присуствува на поменот. „Времето лета многу брзо. Нема да можам да бидам на комеморацијата бидејќи имам концерт, кој е јавен и добро познат, но во секој случај сум во контакт со Сузана. Жал ми е, но што можам да направам?“, изјави пејачката пред…
Дали постојано размислувате за мејлови и рокови дури и кога работниот ден е завршен? Ако одговорот е да, голема е веројатноста да припаѓате на еден од петте знаци кои астролозите ги издвојуваат како најголеми „работници“ кои често остануваат со празни раце. „Посветеноста е доблест, но само сè додека не стане навика што другите ја земаат здраво за готово“, стои во заклучокот на оваа анализа. Ако се најдовте на списокот, можеби е време да ги преиспитате вашите професионални граници.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе…
Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје, Г.К. пријави дека на 21.02.2026 околу 21:15 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
