Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатенинајмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

    Ристески: Младите во фокус на Оперативниот план, ќе бидат опфатенинајмалку 5.808 млади лица или 56,1% од вкупниот опфат на планот

    26.06.2026 во 12:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци.

    Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво).

    Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во Оперативниот план кои се директно наменети за младите лица, каде тие имаат историски голема вклученост.

    Младите се во фокус на Оперативниот план, им даваме голем број на можности да се реализираат на професионален план, а со тоа и да останат дома и да го намалиме трендот на иселување. Покрај мерките за самовработување, каде во подмерките се предвидени средства за 1.158 млади лица, тие се вклучени и имаат предност во сите останати мерки. Во мерката „Поддршка за креирање на нови работни места“ за компаниите најголема поддршка во висина од 250.000 денари се предвидени за вработување на млади лица, преку мерката „Младински
    додаток“ поддржуваме 3.500 млади лица до 23 години кои работат во производни капацитети со додаток во износ од 3.000 денари месечно, за 1150 лица до 29 години финансиска поддршка за практиканство и многу други мерки. Младите се во фокус на Оперативниот план и во истиот е предвидено да се вклучат најмалку 5.808 млади лица до 29 години или 56,1% од вкупниот опфат – кажа Ристески.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги повика жителите на општина Куманово да аплицираат на јавните повици од мерката „Самовработување“ и да добијат грантови од 7.000 до 10.000 евра за отворање на сопствен бизнис.

    Јавните повици за овие мерки се активни до 3 јули 2026 година.

    Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб- страната www.av.gov.mk .

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.