Вчера во 12:20 часот на улица „Питу Гули“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско.
Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото.
По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што одземени му се возачките и сообраќајни документи и е исклучен од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

