СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Тој, во својство на градоначалник на општина Дебрца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината.
Пријавениот, тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон. На тој начин, пријавениот и предизвикал значителна материјална штета на општина Дебрца.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

