Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Секој полнолетен граѓанин ќе може да се изјасни кај матичниот дали се согласува да биде дарител на органи

    Алиу: Секој полнолетен граѓанин ќе може да се изјасни кај матичниот дали се согласува да биде дарител на органи

    01.07.2026 во 13:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, на која информираа за имплементацијата на модулот во системот Мојтермин за евидентирање на волјата на граѓаните да бидат органодарители.

    • Со денешната прес-конференција заокружуваме еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси што ги водевме во здравството. Со усвојувањето на измените на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, државата направи силен исчекор. Од тема што предолго живееше под превезот на страв и тема за која се зборуваше во болничките ходници, успеавме да создадеме тема за која се зборува јавно, одговорно и достоинствено. Со овие законски измени, секој полнолетен граѓанин, при посета на својот матичен лекар, ќе може да се произнесе дали сака или не сака по смртта да биде органодарител. Модулот во „Мој Термин“, преку кој ќе се регистрира волјата на граѓаните, веќе е развиен, истакна министерот Алиу.

    Тој информираше дека при посета на својот избран матичен лекар, секој полнолетен граѓанин ќе може јасно да се изјасни дали се согласува или не се согласува по смртта да биде дарител на органи и ткива заради лекување. Пред да ја даде изјавата, избраниот лекар ќе има обврска да го информира граѓанинот за значењето на одлуката, за нејзините правни последици и за правото таа во секое време да може да се промени. Изјавата ќе се потпишува лично, ќе се заверува од избраниот лекар и ќе се архивира, а потоа како скениран документ ќе се внесува во националната листа во рамките на Националниот систем за електронски евиденции во здравството.

    • Пристапот до овие податоци ќе биде строго ограничен, контролиран и евидентиран, што значи дека секој увид во системот ќе остава трага и ќе биде дозволен само за точно утврдени овластени лица. Дополнително, граѓанинот во секое време ќе може да ја промени својата одлука со нова изјава кај својот избран лекар, а важечка ќе биде секогаш последната евидентирана изјава. Паралелно со развојот на овој модул, се работи и на уредбата и правилникот, со кои попрецизно ќе се уредат националната листа, пристапот до податоците, формата на изјавата и начинот на нејзино давање и промена, додаде Алиу.

    Воедно, министерот изрази благодарност до националната координаторка, проф. д-р Билјана Кузмановска, до трансплантациските тимови, лекарите, медицинските сестри и до сите што ја поддржаа кампањата и кои се дел од системот за органодарителство и трансплантација.

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.