Close Menu
Press24
    Најново

    Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти

    01.11.2026 во 22:25

    ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница

    01.11.2026 во 22:21

    Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец

    01.11.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
    • ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница
    • Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец
    • ДИК: Јахији победник, разликата само 265 гласа
    • Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
    • МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
    • ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
    • Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија врие: Измерени рекордно високи температури во 14 часот, еве каде е најжешко

    Македонија врие: Измерени рекордно високи температури во 14 часот, еве каде е најжешко

    26.06.2026 во 14:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави најновите мерења на температурите во 14:00 часот (12:00 UTC) на територијата на целата држава, кои покажуваат значителен пораст на вредностите во сите градови.

    Според официјалните податоци, највисока температура денеска е измерена во Велес, каде живата во термометарот достигна до 35.7 степени.

    Веднаш зад него е Демир Капија со измерени 35.2 степени, додека во Штип, Гевгелија и Кавадарци се регистрирани идентични 34.8 степени.

    Во Скопје исто така се бележат високи температури, па така на мерната станица Зајчев Рид се измерени 34.4 степени, а во Петровец 34.3 степени.

    Потоплиот бран не го одмина ниту Куманово со 33.6, Струмица со 33.5, Виница со 32.7, како и Тетово каде се измерени 32.4 степени.

    Во градовите од пелагонискиот и западниот регион, температурите се движат околу триесеттиот поделок, па во Битола се измерени 30.6, во Прилеп 30.2, а во Крива Паланка 30.8 степени.

    Освежување граѓаните можат да најдат во Охрид каде се измерени 28.2 степени, во Берово со 28.4, како и во Крушево каде температурата изнесува 25.6 степени.

    Најниска температура во 14 часот е регистрирана на Попова Шапка, каде се измерени пријатни 18.5 степени.

    Прочитај повеќе

    Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти

    01.11.2026 во 22:25

    ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница

    01.11.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.