Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Имаме сомнеж дека Трајко Славески е гувернер затоа што се согласил за Алта Банка

    25.11.2026 во 21:57

    Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство

    25.11.2026 во 21:55

    Филипче: Трошоците растат, народот осиромашува – 25 илјади денари месечно треба само за храна и пијалак

    25.11.2026 во 21:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Имаме сомнеж дека Трајко Славески е гувернер затоа што се согласил за Алта Банка
    • Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство
    • Филипче: Трошоците растат, народот осиромашува – 25 илјади денари месечно треба само за храна и пијалак
    • Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош
    • УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување
    • Пожар во поранешниот Дисконт „Тинекс“ на булеварот „Борис Трајковски“
    • Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица
    • Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Имаме сомнеж дека Трајко Славески е гувернер затоа што се согласил за Алта Банка

    Филипче: Имаме сомнеж дека Трајко Славески е гувернер затоа што се согласил за Алта Банка

    25.11.2026 во 21:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Имаме сериозен сомнеж дека изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка е поврзан со неговата согласност за влез на Алта Банка во Македонија, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во  интервју во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

    Филипче посочи дека според информациите кои ги има, другите кандидати не се согласиле со таквиот договор и затоа не биле номинирани и предложени до Собранието.

    „Трајко Славески беше и се уште е во една голема паника. Ние имаме сомнеж дека една од причините зошто е гувернер дека требало да требало да дозволи влез на Алта Банка во Македонија и дека другите кандидати не се согласиле на тоа и затоа не биле номинирани и предложени до Собранието.И затоа сметам дека во таа панична реакција, не знаејќи што и како да одговори на многу конкретните прашања, обидувајќи се да дефокусира кажува дека го консултирал  и Христијан Мицкоски “, рече Филипче.

    Тој посочи дека реакцијата на гувернерот за време на надзорната расправа, кога ја спомена консултацијата со премиерот Мицкоски, отвора дополнителни прашања за влијанието на извршната власт односно премиерот  врз Народната банка.

    Филипче нагласи дека Мицкоски се меша во сите институции и дека неговите јавни изјави покажуваат дека сака да контролира сè, вклучително и институциите кои треба да бидат независни.

    „Христијан Мицкоски е човек што се меша во сè. Собраниската говорница кажува дека има контрола врз обвинителството. Кажува јавно. Кажува на собраниската говорница, кажува на медиумите во сите изјави. По скандалозната изјава дека се меша во медиумите“, рече Филипче.

    Претседателот на СДСМ посочи Славески јавно призна дека го консултирал Мицкоски за влезот на Алта Банка, што дополнително ја отвора политичката одговорност за целиот случај.

    „Тоа го кажа Славески „Јас се консултирав со премиерот дали банката да влезе или не“. Значи, дозволиле а во консултација со Мицкоски банката да влезе кај нас“, рече Филипче.

    Филипче порача дека власта мора да одговори зошто дозволила влез на банка за која уште од декември 2025 година СДСМ предупредуваше дека постојат сериозни сомнежи за потеклото на капиталот и за нејзините сопственици.

    „Ние првата прес-конференција и предупредување дека таква банка влегла кај нас ја направивме во декември 2025 година. Ова што сега се случува е само доказ дека сме биле во право“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство

    25.11.2026 во 21:55

    Филипче: Трошоците растат, народот осиромашува – 25 илјади денари месечно треба само за храна и пијалак

    25.11.2026 во 21:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.