Close Menu
Press24
    Најново

    Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

    25.11.2026 во 19:53

    Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава

    25.11.2026 во 19:46

    Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника

    25.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина
    • Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава
    • Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника
    • Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? 
    • Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте
    • Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
    • Мерц предупредува: Русија сака повеќе од Украина, Европа е под закана
    • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

    Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

    25.11.2026 во 19:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија, нагласувајќи дека Владата спроведува политики и иницијативи со кои младите се ставаат во фокусот и добиваат можности за подобра иднина во сопствената држава.

    „Кога ја коментираме политичката состојба во Македонија клучниот збор којшто треба да го издвоиме е промени, гледаме промени во коишто пред се младиот човек не се чувствува како гостин во својата држава туку како нејзин домаќин, гледаме дека секојдневно се работат иницијативи во коишто младите се во фокусот но и другите политики коишто се спроведени, а младите имаат бенефит од истите, промените се тоа што е клучно и што ја отсликува политичката состојба во Македонија. Исто така мора да потенцираме дека политичката состојбата во оваа држава моментално е многу стабилна, имаме стабилно владино мнозинство, имаме стабилна Влада којашто програмата со којашто има излезено пред граѓаните во 2024 година ја исполнува во добар тек. Промените се случуваат, дефинитивно имаме една структура којашто работи во насока на тоа Македонија како екосистем ја направи место каде што младите ќе имаат шанса за одржлив развој и фер шанса за достоинствен живот“, рече Конески.

    Конески посочи и конкретни иницијативи насочени кон подобрување на студентскиот стандард, потенцирајќи дека од 13 студентски иницијативи биле прифатени 10, како и дека се разгледува нов модел за студентски оброк.

    „Резултатите од Реформската агенда покажуваат дека сме први со најмногу алоцирани пари од Европската Унија согласно реформските процеси, од 13 студентски иницијативи 10 се прифатени односно студентите и барањата на студентите, понудивме нов модел за студентскиот оброк којшто рековме дека прво ќе го презентираме на студентите откако ќе се произнесат ќе видиме дали истиот ќе биде прифатен или нема, премиерот понуди две нови решенија коишто директно би помогнале при решавање на проблемот со домување, директно ќе се постапи кон решавање на истиот“, дециден е Конески.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава

    25.11.2026 во 19:46

    Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника

    25.11.2026 во 19:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.