Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава

    25.11.2026 во 19:46

    Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника

    25.11.2026 во 19:30

    Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? 

    25.11.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава
    • Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника
    • Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? 
    • Николоски пред Комората на вештаци: Зад секоја професионална судска одлука, стои стручното знаење на вештаците, потребата од професијата расте
    • Мицкоски од Брисел: Не испорачуваме билатерални прашања, туку ги исполнуваме обврските според системот на заслуги на ЕУ
    • Мерц предупредува: Русија сака повеќе од Украина, Европа е под закана
    • Трамп најави нови царини за 13 земји и ЕУ
    • Клековски: Заедничка иницијатива „Општини за здравје“ – вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава

    Николоски: Ги вложуваме сите напори кон воспоставување функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава

    25.11.2026 во 19:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кога зборуваме за правдата, најчесто зборуваме за законите, за судовите, за судските одлуки, но зад секоја правилно донесена судска одлука стои еден поширок процес на утврдување на фактите, анализа на доказите и примена на стручни знаења од многу различни области. Се работи за еден комплексен процес каде што секој збор, буквално секоја реченица значи многу. Оттука, вештачењето претставува еден од најзначајните столбови на правосудниот систем – истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќањето на конференцијата на Комората на вештаци, што се одржува во Гевгелија.

    -Улогата, значењето и придонесот на Комората на вештаци и нејзината важност во функционирањето на правосудниот систем и остварувањето на правдата е нешто што е од неизмерно значење и вие сте еден од оние сегменти во општеството и во државата коишто можеби и не се толку видливи, но многу значат за функционирањето на државата и сакам да ви оддадам признание и благодарност за сето она што го правите – рече Николоски во обраќањето на конференцијата.

    Во следниот период, додаде вицепремиерот, Комората уште повеќе организациски ќе зајакнува и ќе има уште посилен придонес и во таа насока, рече тој, беа споменати и одредени работи што се направија, што имаме како Влада на располагање и во следниот период да поддржиме со сето она што можеме.

    -Вештачењето претставува еден од значајните столбови на правосудниот систем, бидејќи овозможува овие сложени стручни, технички, економски, медицински и други прашања од животот да бидат разјаснети преку знаење, искуство, методологија и, најбитно, професионална објективност. Тука Комората на вештаци има особено значајна улога во уредувањето, унапредувањето и афирмирањето на оваа професија – рече Николоски.

    Тој оцени дека нејзиното значење не треба да се гледа само низ институционално организирање, туку пред сè низ придонесот во градењето на професионални стандарди, стручност, интегритет и доверба.

    -Во време кога општеството и правните односи стануваат сè посложени, кога народот сè повеќе се интересира и бара да се спроведуваат законите, кога функционалната правна држава и владеењето на правото е нешто за што сè почесто се зборува, потребата од квалитетно, независно и стручно вештачење постојано расте. Затоа работата не е само професионална задача, туку и голема општествена и правна одговорност. Секој напишан збор значи, се мери и има свое влијание – нагласи Николоски.

    Тој истакна дека како Влада ги вложуваат сите напори кон воспоставување на функционален систем на владеење на правото како темел на демократската држава и тука ја имате целата наша поддршка.

    -Независноста на судската власт треба да се разбира не како изолирана од другите институции, туку гаранција за едно непристрасно и објективно одлучување – потенцира вицепремиерот.

    Тој изрази задоволство што е се поголем бројот на вештаци, како и уверување дека квалитетот во следниот период исто така ќе биде добар и со уште поголема посветеност ќе може да сведочиме на уште подобри резултати.

    На конференцијата се обратија и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар, и заменик-министерот за правда Ален Деребан.

    Дискусиите на конференцијата ќе бидат фокусирани на актуелните прашања поврзани со вештачењето, унапредување на професионалните стандарди и предизвиците со кои се соочуваат вештаците во правниот и институционалниот систем.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Опозицијата и на вториот ден од надзорната расправа за Алта банка шири паника

    25.11.2026 во 19:30

    Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка? 

    25.11.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.