Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: Заедничка иницијатива „Општини за здравје“ – вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето

    25.11.2026 во 16:58

    Среќен крај на потрагата: Исчезнатите малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    25.11.2026 во 16:51

    Студ во Македонија: Температурите под нулата уште во 16 часот

    25.11.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Заедничка иницијатива „Општини за здравје“ – вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето
    • Среќен крај на потрагата: Исчезнатите малолетнички од Штип пронајдени во Струмица
    • Студ во Македонија: Температурите под нулата уште во 16 часот
    • Петрушевски: Дали Алта банка ги почитувала правата на акционерите при преземањето на Стопанска банка Битола
    • Тројца тинејџери уапсени во Германија поради сомнеж за планирање терористички напади
    • Лефков: Дали имало незаконитости и манипулации при преземањето на „Алта банка“
    • УХМР со метеоаларм за утре: Обилни врнежи ќе ја зафатат Македонија
    • Костадиновска Стојчевска: Што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра ако пропадне „Алта банка“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Заедничка иницијатива „Општини за здравје“ – вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето

    Клековски: Заедничка иницијатива „Општини за здравје“ – вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето

    25.11.2026 во 16:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство, Сашо Клековски, учествуваше на првиот национален форум „Општини за здравје“, со кој се означи почетокот на националната платформа за систематско вклучување на локалната самоуправа во унапредувањето на здравјето, превенцијата на болестите и благосостојбата на населението.

    Главната порака на форумот е дека здравјето не се создава само во здравствениот систем. Тоа се обликува и преку условите во кои луѓето живеат, учат, работат и се движат. Одлуките на општините во образованието, урбанистичкото планирање, јавните простори, животната средина, социјалната заштита и локалниот развој можат да создадат повеќе можности за здрав живот и да придонесат за намалување на здравствените нееднаквости.

    -Во панел дискусијата со градоначалниците на Карпош, Битола, Кисела Вода, Крива Паланка и Куманово ги посочив подрачјата каде што соработката со општините е неопходна, како што се: здравјето на децата и младите, контрола на пушењето, западнонилска треска, обезбедување чиста и питка вода за пиење, и други актуелни теми. Ова е хоризонтална соработка, со повеќе одговорни. Затоа, ни требаат оперативни протоколи. Советите за јавно здравје се местото каде што тоа се вкрстува. На фрумот се презентираа многу добри практики и успешни мерки, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

    На отворањето се обратија и заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, претставникот на Светската здравствена организација, д-р Аким Али, и директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска. Со видеообраќање учествуваше Крис Браун, директорка на Канцеларијата на СЗО за инвестиции во здравјето и развојот во Венеција.

    -Инвестирањето во здравјето и превенцијата е истовремено инвестирање во локалниот развој и благосостојбата. За општините, тоа не значи нужно нови програми или дополнителни ресурси, туку подобро искористување на постојните политики и инвестиции за создавање поздрави, поотпорни и попросперитетни заедници, изјави д-р Аким Али, претставник на Светската здравствена организација во земјава.

    Во рамките на форумот беа разгледани практични искуства од општините во унапредувањето на здравјето и менталната благосостојба во училиштата, како и во превенцијата на употребата на тутун и поддршката за откажување од пушење. Дискусиите се фокусираа на тоа како општините, центрите за јавно здравје, примарната здравствена заштита, училиштата, социјалните служби и заедниците можат да работат заедно за утврдување локални приоритети, планирање активности и следење на резултатите.

    Инвестирањето во здравјето и благосостојбата е истовремено вложување во локалниот развој. Превенцијата на болестите, поддршката за здрави животни избори и средини, како и намалувањето на нееднаквостите, можат да придонесат за поотпорни, посоцијално поврзани и поодржливи заедници.

    „Општини за здравје“ е замислена како платформа за размена на знаење, меѓусебно учење и градење партнерства. Во текот на следната година се предвидени уште два форума, со цел да се продолжи дијалогот, да се поддржат локално приспособени активности и да се прошири примената на успешни искуства во други општини.

    Прочитај повеќе

    Среќен крај на потрагата: Исчезнатите малолетнички од Штип пронајдени во Струмица

    25.11.2026 во 16:51

    Студ во Македонија: Температурите под нулата уште во 16 часот

    25.11.2026 во 16:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.