Close Menu
Press24
    Најново

    Костадиновска Стојчевска: Што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра ако пропадне „Алта банка“

    25.11.2026 во 15:33

    Голема сообраќајна контрола низ Македонија: Евидентирани 373 прекршоци за 5 часа

    25.11.2026 во 15:19

    Сабајле во 9 часот ќе ја исклучат струјата – Еве кои улици ќе бидат опфатени

    25.11.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костадиновска Стојчевска: Што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра ако пропадне „Алта банка“
    • Голема сообраќајна контрола низ Македонија: Евидентирани 373 прекршоци за 5 часа
    • Сабајле во 9 часот ќе ја исклучат струјата – Еве кои улици ќе бидат опфатени
    • Десет возачи лишени од слобода, осуммина возеле без положен возачки испит
    • Тошковски најави нови иницијативи за модернизација на полицијата и исполнување на реформите за ЕУ
    • Тутунот се откупува по 435 денари за килограм, досега преземени 1.300 тони
    • Детали за последниот инцидент поради кравите во Крива Паланка: Две сестри и татко влечеле, тепале и се заканувале старица
    • Алармантен број на случаи со насилство: Полицијата регистрира семејно насилство, напади врз малолетници, родители и партнери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновска Стојчевска: Што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра ако пропадне „Алта банка“

    Костадиновска Стојчевска: Што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра ако пропадне „Алта банка“

    25.11.2026 во 15:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната надзорна расправа за Алта банка праша дали Алта банка Битола располага со 80 милиони евра во готовина и парични еквиваленти, како што е прикажано во билансот, и што ќе се случи со заштедите над 30.000 евра доколку дојде до обесштетување.

    Костадиновска Стојчевска посочи дека, според финансиското образложение објавено на Берзата на 30 октомври, банката во првите девет месеци од годинава пријавила загуба од 48,64 милиони денари, по добивка од 49,15 милиони денари во истиот период лани. На 30 септември банката прикажала 8,91 милијарди денари депозити на клиенти, а ликвидната актива изнесувала 43,91 отсто од вкупната актива.

    Пратеничката нагласи дека овие податоци ја одразуваат состојбата на 30 септември, пред одземањето на дозволата на матичната банка во Србија. Таа праша дали е проверено дека банката во Битола и денес располага со прикажаните 80 милиони евра во готовина и парични еквиваленти.

    До Фондот за осигурување на депозити, Костадиновска Стојчевска го постави прашањето дали евентуалната разлика меѓу билансот и фактичката состојба би се одразила врз обесштетувањето на штедачите. Таа побара одговор и за тоа кој би го исплатил обесштетувањето, од кои средства и како штедачите би можеле да си го побаруваат делот од заштедите над 30.000 евра.

    Прочитај повеќе

    Тошковски најави нови иницијативи за модернизација на полицијата и исполнување на реформите за ЕУ

    25.11.2026 во 14:49

    Сиљановска-Давкова: Не сум одговорна за работата на Народната банка и гувернерот Славески

    25.11.2026 во 13:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.