Close Menu
Press24
    Најново

    Поголеми плати и полесно напредување: Собранието го изгласа новиот Закон за јавнообвинителска служба

    26.06.2026 во 14:35

    Апсења низ Македонија: Приведени шест лица

    26.06.2026 во 14:34

    Казните за граѓаните се до 2.000 евра – Од први јули се воведува целосна забрана за движење во шумите

    26.06.2026 во 13:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поголеми плати и полесно напредување: Собранието го изгласа новиот Закон за јавнообвинителска служба
    • Апсења низ Македонија: Приведени шест лица
    • Казните за граѓаните се до 2.000 евра – Од први јули се воведува целосна забрана за движење во шумите
    • Божиновска: Македонија направи јасен избор – нашата иднина е зелена и енергетски сигурна
    • Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев
    • Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска оствари средба со победникот на „Ѕвездите на Гранд“
    • Осум години приватни фирми работеле без да платат денар на општина Дебрца, екс-градоначалникот заработи кривична
    • Пијан охриѓанец направил карамбол на „Туристичка“: Со „мерцедес“ удрил во шест коли, па побегнал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поголеми плати и полесно напредување: Собранието го изгласа новиот Закон за јавнообвинителска служба

    Поголеми плати и полесно напредување: Собранието го изгласа новиот Закон за јавнообвинителска служба

    26.06.2026 во 14:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието на денешната седница го донесе Законот за јавнообвинителска служба со што се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и ефикасноста на јавното обвинителство.

    Новиот закон претставува суштинска реформа која воспоставува современ и функционален систем за управување со јавнообвинителската служба, усогласен со европските стандарди и реалните потреби на јавните обвинителства.

    Законот воведува посебен систем за управување со човечките ресурси, со поедноставени и поефикасни постапки за вработување, намалена зависност од надворешни институции и избор на најстручните и најквалитетните кадри.

    Особено внимание е посветено на кариерниот развој на јавнообвинителските службеници. Се воспоставува јасна вертикална кариера и реални можности за професионално напредување до највисоките раководни позиции во службата.

    Со законот значително се зајакнува и улогата на Советот на јавнообвинителска служба, кој добива пошироки надлежности во областа на кадровската политика, дисциплинската одговорност и заштитата на правата на вработените, што дополнително придонесува за изградба на професионална, независна и одговорна јавнообвинителска служба.

    Една од најзначајните придобивки е и унапредувањето на материјалната положба на вработените. Законот воведува нов систем за пресметка на платите, со кој зголемувањата обезбедени преку колективните договори стануваат составен дел од основната плата. Со тоа се обезбедуваат поголема финансиска сигурност, правична валоризација на трудот и подобра мотивација на вработените, а согласно колективниот договор предвидено е и етапно зголемување на платите.

    Истовремено, се воспоставува  потранспарентен и поефикасен систем на дисциплинска одговорност, со прецизно дефинирани дисциплински повреди, дисциплински комисии и право на жалба пред Советот на јавнообвинителска служба, со што се гарантира дополнителна заштита на правата на службениците.

    Законот овозможува и поголема флексибилност во управувањето со човечките ресурси преку појасно уредени механизми за распоредување и преземање на службеници меѓу јавните обвинителства, со што ќе се обезбеди побрзо пополнување на работните места и поефикасно искористување на расположливите кадровски капацитети.

    Прочитај повеќе

    Апсења низ Македонија: Приведени шест лица

    26.06.2026 во 14:34

    Казните за граѓаните се до 2.000 евра – Од први јули се воведува целосна забрана за движење во шумите

    26.06.2026 во 13:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.