Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев

    Ристовска Додевски: Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Филипче и Заев

    26.06.2026 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советничката во Општина Центар, Диана Ристовска Додевски, денеска упати остри критики до градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ, обвинувајќи ги за лошите услови за живот и инфраструктурниот хаос на улицата „Охридска“ во Маџир Маало.

    Според неа, локалната власт свесно дозволува деградација на просторот во општината за задоволување на партиски и бизнис интереси.

    „Улица „Охридска“ во Маџир маало, е само еден пример за тоа, како се работи во Општина Центар и во какви услови живеат Центарци. Герасимовски и СДС ако треба Центар ќе го направат и Бангладеш, само за да делат тендери и градежни дозволи на фирми блиски до Венко и Заев, за спас на партијата која оди кон сигурна пропаст“, посочи Ристовска Додевски.

    Таа реагираше и на пасивноста на општинските инспекциски служби, тврдејќи дека граѓаните од овој дел на Центар со години се соочуваат со прашина и градежен шут на патот до своите домови.

    Опозициската советничка посочи дека поради градежните активности е оневозможено нормалното движење на пешаците, мајките со детски колички и лицата со инвалидитет, кои се принудени да се движат по коловозот меѓу камионите и градежните машини.

    Таа упати и јавен повик до градоначалникот Герасимовски итно да излезе на терен и да даде одговори пред жителите на Маџир Маало.

    „Да дојде Герасимовски во Маџир Маало и да одговори зошто не беа доволно поплаките на Центарци, па се чекаше медиумите да објават, за тој да мора да испрати едно штуро соопштение дека било потребно геодетско мерење. Дојди Герасимовски, да ни објасниш дали треба и тука да пропадне тротоар и соседните објекти, за да преземеш нешто!“, изјави советничката.

    На крајот од своето обраќање, Ристовска Додевски побара одговорност и оставка од првиот човек на Општина Центар.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.