Author: Author 04

Во Србија во тек е јавна дебата за Нацрт-измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) кои попрецизно ги дефинираат правилата за одредени категории осигуреници. Предложените решенија првенствено се однесуваат на професионалниот воен персонал, земјоделците претприемачи и усогласувањата со регулативите на ЕУ. Поради усогласување со Законот за српската армија, се предлага професионалните војници по договор, како и подофицерите и офицерите до чин потполковник, да стекнат право на старосна пензија кога ќе наполнат 40 години пензиски стаж и најмалку 53 години возраст. Со измените се допрецизира и одредбата што се однесува на осигурениците кои се занимаваат со земјоделска дејност како…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи ги објави најновите мерења за температурите и паднатиот воден талог во изминатите 24 часа на мерните станици низ државата, заклучно со 8 часот утрово (06:00 UTC). Според официјалните податоци, највисока утринска температура е измерена во Велес, каде се регистрирани 23.1 степен Целзиусов. Веднаш зад него се Виница со 23.0, Кавадарци со 22.9, како и Зајчев Рид со 22.7 степени. Најниска утринска температура од 15.5 степени е измерена на Попова Шапка. На оваа мерна станица е регистрирана и најниската минимална температура во текот на ноќта, која се спуштила до 11.0 степени Целзиусови, додека во Лазарополе минималната изнесувала…

Повеќе

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше за почетокот на градежните активности за изградба на нови пешачки патеки со павер елементи во населбата Ченто. Според неговите зборови, со овој проект се реализира уште едно конкретно ветување дадено пред граѓаните за подобрување на локалната инфраструктура. „Денес започнуваме со реализација на уште едно ветување кое им го дадов на граѓаните на Ченто – изградба на нови пешачки патеки со павер елементи. За време на изборната кампања ветив дека граѓаните повеќе нема да газат во кал. Денес тоа ветување станува реалност“, истакна Стефковски. Како што додава тоа, со оваа инвестиција се создаваат…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово информираше за состојбата со наврнат воден талог во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот денеска. Според официјалните мерења, најмногу дожд падна во Гевгелија, каде се регистрирани 20 литри на квадратен метар. Во Претор наврнале 14 литри, 4 во Тополчани, 3 во Скопје-Петровец, како и по 1 литар во Охрид, Струмица, Штип и Кавадарци. – Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената – појаснија од УХМР. Метеоролозите…

Повеќе

Поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело „измама“, 45-годишниот скопјанец Н.Д. бил лишен од слобода во Крива Паланка, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Претходно, едно лице ѝ се јавило телефонски на повозрасна жена од Крива Паланка. Се претставило како лекар од Италија. Ја известило дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе скршеници на нога и вилица и дека ќе треба да даде 35.000 евра за да ѝ биде направена операција. Бидејќи немала толку пари, се договорила со него да ги даде сите пари што ги има дома, но, во меѓувреме, се…

Повеќе

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба во земјата откако два исклучително силни земјотреси, во интервал од само неколку секунди, силно го потресоа главниот град Каракас. Според официјалните податоци, првиот потрес бил со магнитуда од 7,2 степени, додека вториот, уште поразурен, изнесувал дури 7,5 степени според Рихтеровата скала. Спасувачките служби на терен се во трка со времето и ги пребаруваат урнатините на неколку станбени згради во потрага по преживеани. Главниот меѓународен аеродром во Венецуела е целосно затворен за сообраќај поради тешки оштетувања на инфраструктурата предизвикани од последователните силни удари. Сведоците го опишуваат ужасот додека зградите околу нив пукале…

Повеќе

Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во импровизираната судница во затворот „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, во текот на судскиот процес, обвинителството презентираше серија докази за инспекциските надзори за угостителска дејност кои биле спроведувани од страна на Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и документација за вршење заеднички инспекциски и теренски надзори. Обвинителството приложи и решенија за вработување овластени градежни инспектори, кои според нив се релевантни за утврдување…

Повеќе

Силен земјотрес го погоди денес северниот брег на Јапонија, но Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека нема закана од цунами. Јапонската метеоролошка агенција (JMA) соопшти дека магнитудата била 7,2, што е намалување од првичната проценка од 6,9. Според официјалните податоци на тамошните служби, епицентарот на силниот потрес бил во морето покрај источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. За овој настан со свои мерења излегоа и американските сеизмолошки служби кои регистрираа малку поинакви вредности за силата на земјотресот. Геолошкиот завод на САД (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 6,9. Овој најнов потрес предизвика дополнителна загриженост кај…

Повеќе

Македонските туристи кои викендов планираат да патуваат кон Халкидики и егејското крајбрежје треба да очекуваат сериозни застои во сообраќајот и да размислат за алтернативни патни правци. Поради интензивирање на градежните работи за изградба на новата висококатна сообраќајница „Flyover“, делови од солунската обиколница ќе бидат привремено затворени. Грчките сообраќајни власти апелираат за трпение и препорачуваат користење на споредни патишта низ градското јадро на Солун за да се избегнат долготрајните блокирања. Грчката полиција и конзорциумот задолжен за изградба на мега-проектот „Flyover“ најавија радикални измени во сообраќајниот режим околу Солун. Заради безбедно поставување на тешки бетонски греди и расчистување на теренот, клучни делнични…

Повеќе

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни земјотреси во краток временски интервал го погодија главниот град Каракас и поширокиот регион, оставајќи зад себе десетици загинати, стотици повредени и големи материјални штети. Првиот со магнитуда од 7,2 степени, a само 39 секунди подоцна следеше уште поразорен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, ја погоди Венецуела во близина на главниот град Каракас. Тресење на тлото беше почуствувано и во соседна Колумбија. Според Геолошкиот завод на САД (USGS), првиот земјотрес бил регистриран на длабочина од 13 километри, а вториот на длабочина од 10 километри. Како…

Повеќе