Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојчевски: Под казна ме префрлија на 100 км подалеку од моето работно место

    Стојчевски: Под казна ме префрлија на 100 км подалеку од моето работно место

    27.06.2026 во 11:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Трајче Сточјевски, денеска на прес-конференција обвини за класичен партиски реваншизам и притисоци врз младите во институциите.

    Сточјевски изјави дека лично се соочил со рестриктивни мерки поради неговите јавни политички ставови и критички однос кон извршната власт.

    „Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што гласно зборуваат. Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за ова најнеспособна Влада предводена од Христијан Мицкоски“, рече тој.

    Според него, ваквиот однос не е изолиран случај, туку појава со која секојдневно се соочуваат голем број млади професионалци во државниот сектор.

    „Класичен партиски реваншизам што секојдневно се спроведува низ институциите. Не само врз мене, ова не е моја лична приказна, ова е секојдневие на многу млади во Македонија. Тортура и притисок на работа од страна на Организираната криминална група ВМРО врз стотици млади луѓе, само затоа што не се нивни слепи послушници“, истакна Сточјевски.

    Лидерот на младите на СДСМ додаде дека реваншизмот ги погодува сите профили на млади кадри кои одбиваат партиска послушност.

    „Денес сум јас, утре е друг, млад службеник, наставник, лекар или млад човек кој има храброст да мисли со своја глава. Ги казнуваат сите што размислуваат поинаку, зборуваат гласно и не се покоруваат на партиските притисоци на Христијан Мицковски“, подвлече претседателот на СДММ.

    Тој упати отворен повик до јавноста за заеднички отпор против политичките притисоци во работите средини.

    „Младите нема да молчат пред ваквите злоупотреби. Испраќаме јасна порака до сите слободоумни граѓани – придружете ни се! Заедно да им се спротивставиме. Ние сме вашиот глас, на обесправените, на неправедно казнетите, на сите кои се под политички притисок“, порача Сточјевски.

    На крајот од обраќањето, тој потенцираше дека приоритет мора да биде градењето на професионален систем кој ќе го спречи иселувањето на младите.

    „Да се избориме за систем. Младите да не заминуваат. Македонија да биде држава во која работното место зависи од професионалноста, а не од партиската книшка. СДММ ќе продолжи гласно да се бори против секоја неправда и против секој обид за заплашување на младите и на сите граѓани. НЕМА ДА МОЛЧИМЕ! Младите победуваат! Наша држава, наша шанса!“, заклучи Сточјевски.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.