Author: Author 04

Вчера лишени од слобода шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол. По еден возач во прилепско – малолетник и тројца возачи од тетовско управувале возило без возачка дозвола. Еден возач во Скопје управувал возило иако имал мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија и 37-годишна жена управувала возило под дејство…

Повеќе

Уставниот суд на Македонија денеска доби нов член. Со 63 гласа „за“, пратениците го избраа Гоце Наумовски за нов уставен судија. Веднаш по гласањето, Наумовски пред законодавниот дом даде свечена изјава со која се обврза дека највисокиот правен акт во државата – Уставот, ќе го штити совесно и одговорно. Иако за изборот имаше седум гласа „против“, мнозинството во Собранието даде зелено светло, со што продолжува процесот на пополнување на местата во Уставниот суд, институција која е клучна за правната сигурност на државата.

Повеќе

По предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера на две лица, кои претходно беа сослушани во својство на осомничени, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа. Како резултат на преземените дејствија и анализата на прибраните информации и докази, постојат основи на сомнение дека лицата преземале активности поврзани со запленетите 5 тони марихуана во Република Србија, поради што јавниот обвинител достави образложен предлог за определување краткотраен притвор. Барањето за определување на краткотрајниот притвор е со цел обезбедување на лицата и…

Повеќе

Вчера во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- с.Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.

Повеќе

Утрешното рочиште за судскиот предмет „Пулс“, кој се однесува на катастрофалниот пожар во кочанската дискотека, е официјално одложено. Причината за ваквата одлука на Основниот кривичен суд Скопје е влошената здравствена состојба на првообвинетиот Гроздан Милковски. Сопственикот на објектот во моментов се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани. Судијата кој го води случајот веќе стапил во контакт со лекарите, кои потврдиле дека Милковски не е во состојба да се појави во судницата. Сепак, се очекува неговата состојба набрзо да се стабилизира, по што судењето ќе продолжи во фазата на докази. Следниот термин кога страните треба да се појават…

Повеќе

На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријави дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво. Имено, тој во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Б.Ј.(28), М.Н.(33), Д.П.(38), А.Љ.(36) и Н.Г.(28), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари прва работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ. На средбата беше подвлечено дека фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите институции вклучени во изборниот процес. Денес, во својство на претседател на ЗЕЛС, остварив работна средба со новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија, Бојан Маричиќ и членовите на ДИК, истакна Ѓорѓиевски. „Разговаравме за актуелните предизвици и за координацијата меѓу институциите во пресрет на изборните процеси што следуваат во иднина. Непреченото спроведување на изборите во фер и демократска атмосфера мора да биде императив за сите -…

Повеќе

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска од собраниската говорница упати остри критики до опозицијата, обвинувајќи ги дека барањето за минимална плата од 600 евра е само обичен политички маркетинг. Дурмиши останува на цврстиот став дека минималната плата ќе се зголеми следниот месец (март), но исклучиво според законската методологија и економските параметри како продуктивноста и трошоците за живот. „Нема потреба од маркетинг. Ние не сме против зголемување, но тоа мора да биде одржливо“, порача Дурмиши во одговор на пратеничката Тренчевска. Тој најави и добри вести за јавниот сектор – околу 20.000 работници ќе добијат покачување, со што Владата ја…

Повеќе

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа е во правец на јавниот интерес на државата. Не се дозволува вонредно студирање на Медицинскиот факултет, што и досега е така, но отсега и на наставничките факултети.Тоа е од јавен интерес, тие студии да се модернизираат, да се зајакнат, за да може во иднина да добиеме подобар производ, не последен на ПИСА, туку ученици кои ќе се придвижат нагоре на скалилата на рангирање на знаењето на учениците.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска вогостувањето на утринската програма на ТВ Алфа. Многу нешта променивме…

Повеќе