Author: Author 04

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остра порака до сите кои работат во „сенка“ и оние кои користат шпекулативни методи за зголемување на цените. На конференцијата посветена на формализирање на неформалната економија, тој нагласи дека борбата против сивата економија не е само експертско прашање, туку прашање на праведност – државата нема да дозволи чесните да бидат казнувани, а нечесните да профитираат. „Сивата економија е изгубена можност за повисоки плати и подобри болници. Нашата цел е легалното работење да стане попривлечно и поисплатливо. Законот важи за сите, нема повеќе селективност и привилегирани“, дециден е Мицкоски. Тој упати и јавна благодарност до министерката…

Повеќе

ОВЕН: Време е за „кочница“ Темпото на вашиот живот денес нагло се забавува. Иако тоа може да ви предизвика нервоза, верувајте дека е неопходно. Денес не е ден за туркање со главата низ ѕид, туку за слушање на сигналите што ви ги испраќа телото. Месечината во Риби ве повикува да ги средите емоциите пред да го направите следниот голем чекор. Запомнете: одморот денес е вашата најголема сила. БИК: Поврзаност без зборови За Биковите денес пријателствата добиваат многу понежен и поискрен тон. Ќе почувствувате длабока поврзаност со луѓе кои ве разбираат дури и кога молчите. Месечината во Риби ве учи дека…

Повеќе

Времето утре наутро ведро и студено, а во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово учествува на клучниот министерски состанок во Тирана, посветен на развојот и реализацијата на Коридор 8. На овој стратешки настан, Муцунски е во друштво на своите колеги од Албанија, Италија, Бугарија и Романија, со цел да се засили регионалната поврзаност. Добро утро од Тирана, напиша на својјот Фејсбук профил Муцунски „Денес учествувам на Министерскиот состанок посветен на Коридор VIII, заедно со колегите од Албанија, Италија, Бугарија и Романија. Во фокусот се инфраструктурните проекти што се реализираат долж Коридор VIII, како и предизвиците со кои се соочуваат земјите, за чие надминување е…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес (18.02.26), жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, информираат од ЈСП Скопје.

Повеќе

Научниците предупредуваат на „шокантно“ откритие – вирусот чикунгуња, познат по предизвикување на неподносливи болки во зглобовите, сега може да се шири и на температури многу пониски од претходно проценетите. Најновата студија објавена во „Journal of Royal Society Interface“ открива дека минималната температура за пренос на вирусот е спуштена на само 13°C, што значи дека јужна Европа (Шпанија, Италија, Грција) е под ризик дури шест месеци во годината. Она што до пред 20 години изгледаше невозможно, сега е реалност. Глобалното затоплување и инвазивниот азиски тигрест комарец ја носат оваа тропска болест дури и до Англија и Белгија. Експертите предупредуваат дека последиците…

Повеќе

Во 2025 година, Финансиската контрола на нелегална работа спроведе речиси 25.000 инспекции на работодавачи низ цела Германија – и речиси секоја четврта инспекција откри неправилности. Прекршувањата на Законот за минимална плата беа особено чести во угостителската и хотелската индустрија. Според германското Министерство за финансии (Bundesfinanzministerium), на барање на Левичарската партија (Die Linke), Финансиската контрола на нелегална работа во царинската служба спроведе вкупно 25.765 инспекции во 2025 година. Во 6.121 случаи, покренати се постапки поради сомнение за прекршување на Законот за минимална плата. Најмногу неправилности во угостителската индустријаПратеникот на Левичарската партија, Џем Инџе, рече дека во просек, прекршување на минималната плата…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во дебатниот магазин „Само Вистина“, упати остри критики до актуелната власт поради одбивањето да ја зголеми минималната плата. Таа откри дека СДСМ веќе двапати поднесува закон за минималец од 660 евра, но власта еднаш го одбила на гласање, а вториот пат не го ни ставила на дневен ред со образложение дека „материјалите не стигнале навреме“. „Трошоците за живот и сметките растат, а работниците имаат право да бараат пристојни примања. Наместо поддршка, власта ги етикетира синдикалците кои си ги бараат правата“, истакна пратеничката, додавајќи дека инфлацијата ги јаде примањата на граѓаните.

Повеќе

Пејачката Рада Манојловиќ се појави на хуманитарен настан во Белград, каде што зборуваше за актуелни теми од нејзиниот живот, но откри и детали од драмата што ѝ се случи во авионот. Се пофали дека не купила само еден имот, како што се мислеше претходно, и додаде дека не ѝ недостасува љубов кон партнерот. Рада откри и дека неодамна купила неколку имоти: Една од највозбудливите теми беше неодамнешниот инцидент во авион.

Повеќе

Лавина го погоди регионот на езерото Тахо во Калифорнија, оставајќи 10 скијачи исчезнати, соопштија властите, а шест други се заглавени и чекаат спасување. Лавината е пријавена околу 11:30 часот по американско време (19:30 часот по американско време) во областа Касл Пик во близина на Траки, според канцеларијата на шерифот на округот Невада. Групата од 16 лица вклучувала четири водичи и 12 клиенти. Временските услови остануваат опасни, со веројатни повеќе лавини, објавува Би-Би-Си. „Високо обучени екипи за спасување на скии се распоредени од два блиски скијачки центри“, рече шерифот. Шесте познати преживеани добија „инструкции да се засолнат најдобро што можат во…

Повеќе