Author: Author 04

Вчера во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Утрово во осум часот во ОВР – Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола и приколката се превртела на коловозот. Во несреќата настанала само материјална штета – рекоа од СВР – Велес. Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР – Неготино. За време на увидот, сообраќајот се одвивал по една коловозна лента и во 10:50 часот е нормализиран.

Повеќе

Времето утре сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи…

Повеќе

Во голема меѓународна полициска акција издадени се налози за апсење на 10 лица, припадници на моќна криминална структура за шверц на кокаин. Меѓу клучните осомничени е Сокол Бибај (43), кој во земјава е познат од аферата „Двојник“ со нелегално издавање македонски пасоши. Криминалната група дејствувала во периодот од 2019 до 2021 година, организирајќи транспорт на кокаин од Еквадор и Колумбија кон европските пазари, главно преку пристаништата во Белгија и Холандија. Обвинителството тврди дека оваа мрежа успеала да организира транспорт на најмалку 50 тони кокаин. Безбедносните служби досега во пет наврати заплениле околу 9 тони, од кои 700 килограми во Антверпен…

Повеќе

Претстојниот лунарен циклус и полната месечина на 29 јуни ќе донесат силно астролошко влијание во знакот на Јарец, кој симболизира дисциплина, одговорност и долгорочни цели. Астролозите најавуваат промени во кариерата и финансиите, особено за оние кои долго време одложувале важни животни одлуки. Енергијата на Јарецот нема да донесе брза добивка, туку ќе ја награди долгорочната напорна работа. Крајот на јуни се смета за поволен период за промена на работното место, барање зголемување на платата или започнување приватен бизнис. За Јарецот, ова е еден од најважните периоди во годината кога претходниот труд доаѓа на наплата. Припадниците на овој знак можат да…

Повеќе

Припадник на Иранската револуционерна гарда, баран со меѓународна потерница од САД за кибер-криминал тежок милијарди долари, вчера беше лишен од слобода во Котор, Црна Гора. Амир Барати (39), кој има двојно државјанство – турско и иранско, е уапсен во координирана операција на локалните безбедносни служби и американското ФБИ. Црногорската полиција соопшти дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети, дела за кои веќе се процесира пред Високиот суд во Њујорк. Според доказите на американските истражни органи, обвинетиот повеќе од една деценија дејствувал како соработник на иранска фирма преку која биле нападнати над 150 американски…

Повеќе

Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светата маченичка Аквилина, која пострадала за својата вера на само 12-годишна возраст во 293 година. Таа била родена во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година била наполно упатена во христијанскиот живот, а во десеттата година, преисполнета со ревност, започнала отворено да им Го проповеда Христа на своите пријателки. За време на прогоните под власта на царот Диоклецијан, Аквилина била поткажана кај царскиот намесник Волусијан. Намесникот најнапред наредил жестоко да ја камшикуваат, а потоа со усвитена шипка ѝ ги прободеле ушите и мозокот. До последниот здив девицата слободно и јавно…

Повеќе

Јапонските власти денеска наредија итна евакуација на повеќе од два милиони луѓе поради сериозни предупредувања од поплави и лизгање на земјиштето, соопштено е по приближувањето на тајфунот Мехала. Претходно, обилните дождови предизвикани од бурата парализираа делови од Тајван, каде приближно шест милиони луѓе останаа без работни обврски, а учениците беа ослободени од настава. Иако во меѓувреме ослабе во тропска бура, Мехала во моментов се движи кон јужните јапонски острови Рјукју, носејќи со себе силни ветрови и екстремни врнежи кои веќе ги погодија јужните и западните делови на Јапонија. Јапонското Министерство за транспорт соопшти дека досега се откажани повеќе од 200…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ предизвика големо внимание во јавноста со презентацијата на два нови роботи, наречени Милутин и Драгутин, кои се облечени во автентична српска национална носија и со традиционална шајкача на главите. Овие современи технолошки изуми веднаш станаа главна атракција откако пред присутните ја демонстрираа својата специјална програма – традиционалното српско оро „Моравац“. Српскиот претседател ја искористи оваа несекојдневна презентација за неформално да ги покани граѓаните на претстојниот голем политички собир. За време на официјалниот настан, Вучиќ се обиде да заигра заедно со роботите, но набрзо се откажа и се пошегува на своја сметка пред присутните медиуми. „Морам да…

Повеќе

Десетици граѓани упаднаа во неколку продавници кои беа уништени во двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела, по кои следуваа уште триесет последователни потреси. Качувајќи се на покривите на урнатините и движејќи се низ уништените улици, групи луѓе влегоа во објектите во Ла Гваира за да земат храна, лекови, но и бела техника и апарати за домаќинство, пишува венецуелскиот „Ефекто Кокујо“. Еден од ограбените објекти беше и познатиот бренд „Фарматодо“ (Farmatodo) во карипската зона, каде по упадот полиците останале целосно празни. Луѓето ги ваделе производите од амбалажите и ги носеле во кеси. За ситуацијата на терен сведочеше и 18-годишниот Габриел…

Повеќе