Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аларм на Азискиот континент: Бурата „Мехала“ затвори фабрики и училишта, откажани стотици летови

    Аларм на Азискиот континент: Бурата „Мехала“ затвори фабрики и училишта, откажани стотици летови

    26.06.2026 во 10:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јапонските власти денеска наредија итна евакуација на повеќе од два милиони луѓе поради сериозни предупредувања од поплави и лизгање на земјиштето, соопштено е по приближувањето на тајфунот Мехала.

    Претходно, обилните дождови предизвикани од бурата парализираа делови од Тајван, каде приближно шест милиони луѓе останаа без работни обврски, а учениците беа ослободени од настава.

    Иако во меѓувреме ослабе во тропска бура, Мехала во моментов се движи кон јужните јапонски острови Рјукју, носејќи со себе силни ветрови и екстремни врнежи кои веќе ги погодија јужните и западните делови на Јапонија.

    Јапонското Министерство за транспорт соопшти дека досега се откажани повеќе од 200 летови. Десетици железнички линии се во прекин, а затворени се и голем број автопати низ земјата.

    Метеоролошката агенција на Јапонија издаде предупредување дека сезонскиот фронт, проследен со прилив на топол и влажен воздух, ќе продолжи да предизвикува интензивни врнежи, особено во западниот регион.

    Поради невремето, автомобилскиот гигант Тојота го прекина производството во својата фабрика на јужниот остров Кјушу, а одлуката за продолжување на втората смена ќе биде донесена дополнително.

    На Тајван, локалните власти во трите погодени региони наредија комплетно затворање на канцелариите и училиштата. Големите поплави во градот Тајнан целосно го нарушија железничкиот сообраќај на главната линија север-југ.

    Во северниот град Хсинчу, каде што се наоѓа седиштето на најголемиот светски производител на чипови TSMC, исто така е прогласен прекин на работата и наставата.

    „Преземени се превентивни мерки во сите тајвански погони за подготовка за дождот и фабриките во моментов работат нормално“, се наведува во официјалното соопштение на компанијата TSMC.

    Во четирите најпогодени области на Тајван живеат околу шест милиони луѓе, а во руралниот регион Пингтунг наврна речиси еден метар дожд на квадратен метар.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.