Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се празнува Света маченичка Аквилина: На 12 години пострада за христијанската вера

    Денеска се празнува Света маченичка Аквилина: На 12 години пострада за христијанската вера

    26.06.2026 во 11:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска го чествуваат споменот на Светата маченичка Аквилина, која пострадала за својата вера на само 12-годишна возраст во 293 година.

    Таа била родена во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година била наполно упатена во христијанскиот живот, а во десеттата година, преисполнета со ревност, започнала отворено да им Го проповеда Христа на своите пријателки.

    За време на прогоните под власта на царот Диоклецијан, Аквилина била поткажана кај царскиот намесник Волусијан. Намесникот најнапред наредил жестоко да ја камшикуваат, а потоа со усвитена шипка ѝ ги прободеле ушите и мозокот.

    До последниот здив девицата слободно и јавно Го исповедала Христос, сè додека не паднала како мртва од нанесените повреди. Мислејќи дека е мртва, намесникот заповедал нејзиното тело да биде фрлено надвор од градот на ѓубриште.

    Според преданието, во текот на ноќта ѝ се јавил ангел Божји со зборовите: „Стани, биди здрава!“, по што таа застанала на нозе и Му вознесувала слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. Тогаш од небесата се слушнал глас: „Оди, ќе ти биде како што молиш!“.

    Аквилина се вратила во градот, каде градската порта сама се отворила пред неа, и влегла во дворецот директно пред постелата на намесникот, кого го обзел неискажлив ужас бидејќи ја видел жива.

    Утредента намесникот издал наредба таа да биде погубена со меч. Пред извршувањето на казната, девицата Аквилина се помолила на колена и го предала својот дух на Бога, а џелатот потоа ѝ ја отсекол главата. Нејзините мошти низ вековите останале запишани како извор за исцелување на мнозина болни.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.