Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФБИ лоцираше опасен хакер во Црна Гора: Уапсен соработник на Иранската гарда кој хакирал американски универзитети

    ФБИ лоцираше опасен хакер во Црна Гора: Уапсен соработник на Иранската гарда кој хакирал американски универзитети

    26.06.2026 во 11:191 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Припадник на Иранската револуционерна гарда, баран со меѓународна потерница од САД за кибер-криминал тежок милијарди долари, вчера беше лишен од слобода во Котор, Црна Гора.

    Амир Барати (39), кој има двојно државјанство – турско и иранско, е уапсен во координирана операција на локалните безбедносни служби и американското ФБИ.

    Црногорската полиција соопшти дека Барати е обвинет за заговор, компјутерска измама и хакирање и кражба на идентитети, дела за кои веќе се процесира пред Високиот суд во Њујорк.

    Според доказите на американските истражни органи, обвинетиот повеќе од една деценија дејствувал како соработник на иранска фирма преку која биле нападнати над 150 американски универзитети. Сите украдени бази на податоци завршувале кај Иранската револуционерна гарда, а вкупната материјална штета изнесува 3,4 милијарди долари.

    По апсењето, истражен судија од Вишиот суд во Подгорица му одреди мерка, а црногорските власти потврдија дека тој ќе биде екстрадиран во Соединетите Американски Држави.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.