Author: Author 01

Вистинска драма се случила вчера претпладне на регионалниот пат Желино-Тетово, каде во тешка сообраќајна несреќа повредени се вкупно седум лица, меѓу кои и две малолетни деца. Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила во 10:35 часот помеѓу „БМВ“ со италијански таблички управувано од Љ.П. (44) и „Фолксваген Голф“ со тетовски ознаки, управуван од Х.Љ. (40). Од силината на ударот, возилата удриле и во паркиран „Јагуар“. Најтешко поминал возачот на „БМВ“-то, кој се здобил со тешки телесни повреди. Со повреди се здобиле и неговиот сопатник (20), како и возачот на „Голфот“ и неговите четворица сопатници – две возрасни лица и…

Повеќе

На последниот ден од 2025 година, државата стави крај на еден долгогодишен правен апсурд. Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 70-тите години на минатиот век, конечно е впишан во катастар и доби имотен лист. Оваа информација ја сподели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, оценувајќи го досегашниот статус на аеродромот како пример за негрижа кон државниот капитал. „По повеќе од 60 години, конечно е завршен процесот на легализирање на аеродромот. Иако во нормални услови ваква постапка не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана“, истакна Николоски. Во сложениот процес на легализација изминава…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од село Кадино, општина Илинден, и неговиот управител В.А. (53) од скопско Мирковци, поради злоупотреба на заштитени права и лиценци. Измамата била откриена при полициска контрола во подружница на фирмата во Тетово. Истрагата покажала дека софтверската лиценца која ја поседувал субјектот, наместо на еден уред за кој била наменета, истовремено се појавувала и се користела во дури 16 клубови низ целата држава. Според полицијата, лиценцата легално можела да биде инсталирана само на еден уред и не смеела да биде пренесена, со што е сторено кривичното дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок…

Повеќе

Тешка несреќа со смртни последици се случи вчера попладне во гостиварското село Долна Бањица. Според полицискиот билтен, 69-годишниот М.К. починал на самото место откако се превртел со тракторот што го управувал. Несреќата била пријавена во 15:15 часот. Возачот, управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка, изгубил контрола врз машината, по што таа се превртела. Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на терен, но лекарот за жал можел само да констатира смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Повеќе

„Македонија влегува во новата година постабилна, поорганизирана и со значително посилни темели отколку на почетокот на 2025-та“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање, потенцирајќи дека финансискиот сектор е ликвиден, а довербата кај меѓународните партнери е вратена. Таа нагласи дека годината што изминува била година на тешки, но неопходни одлуки. „Со одговорно управување, дисциплинирана фискална политика и контрола на јавната потрошувачка, успеавме да ги стабилизираме јавните финансии. Го задржавме дефицитот под контрола и ја зачувавме ликвидноста на буџетот“, рече министерката. За 2026 година, Димитриеска-Кочоска најави продолжување на фискалната консолидација и создавање услови за нови инвестиции…

Повеќе

Организирана криминална група составена од сопственици на фирми, управители и сметководители, преку сложена шема на фиктивни фактури за недвижности, успеала да го оштети државниот Буџет за вртоглави 1,35 милијарди денари (приближно 22 милиони евра). Ова е епилогот од обемната истрага на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), чиј обвинителен акт веќе стапи на сила по потврдата од Основниот кривичен суд Скопје. Предметот опфаќа вкупно 23 субјекти – 10 физички лица и 13 правни лица (фирми), кои се теретат за тешки кривични дела, вклучувајќи „Злосторничко здружување“, „Перење пари“, „Даночна измама“ и „Несовесно работење во службата“. Како била…

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, заедно со вработените во Министерството, упати новогодишна честитка до сите чинители во образовниот процес, посакувајќи 2026 година да биде година на знаење, надеж и заедништво. Во своето обраќање, Јаневска посебен акцент стави на младите. „Нашите ученици и студенти се радоста и гордоста на оваа земја. Тие го заслужуваат секој наш напор за да научат повеќе, да стекнат корисни вештини и животни способности што ќе им овозможат да бидат самостојни, креативни и одговорни граѓани“, стои во честитката. Министерството потсети дека годинава е воведено формално образование за децата на болничко лекување, а направен е исчекор…

Повеќе

Мобилен царински тим спречи голем обид за шверц на пиротехника на граничниот премин Блаце. Во акцијата се запленети вкупно 40.872 парчиња петарди и огномети, кои биле наменети за црниот пазар во пресрет на празниците. Сторителот е македонски државјанин од Гостивар, кој управувал возило со швајцарски регистарски таблички. „При претресот, царинските инспектори забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства“, откриваат од Царинската управа. Истрагата покажала дека опасниот товар бил набавен во Приштина. Против гостиварецот е поднесена кривична пријава за неовластено тргување со оружје и експлозивни материи.

Повеќе

Година на драматични промени, почеток на суштински реформи дома, но и година која ќе остане запаметена по една неизбришлива болка – трагедијата во Кочани. Ова е сублиматот на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која упати честитка до граѓаните по повод новата 2026 година. Во својата сеопфатна порака, претседателката направи пресек на меѓународната позиција на државата, внатрешните политички и економски процеси, но најсилниот акцент го стави на човечката димензија, правдата и иднината на Македонија во Европската Унија. Сиљановска-Давкова не го заобиколи најболниот настан што ја одбележа 2025 година. Таа порача дека жртвите од Кочани не смеат да бидат заборавени и…

Повеќе

„Да има повеќе раѓања отколку заминувања, повеќе насмевки отколку несигурност“. Ова е желбата на министерот за социјална политика, млади и демографија, Фатмир Лимани, искажана во неговото новогодишно обраќање. Министерот најави дека 2026 година ќе биде година на силен ангажман за задржување на младите во земјата. „Семејството останува столб на нашето општество, а демографијата – огледало на колективната надеж. Инвестиравме во младите затоа што тие се енергијата и носителите на иднината. Ќе градиме политики што ја враќаат вербата дека иднината може и мора да се гради тука“, рече Лимани. Тој повика на изградба на општество кое им дава „крилја на младите“,…

Повеќе