Close Menu
Press24
    Најново

    „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ

    15.05.2026 во 14:58

    УЈП во голема акција: Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата

    15.05.2026 во 14:54

    Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 

    15.05.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ
    • УЈП во голема акција: Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата
    • Општина Аеродром воведе иновативна технологија за почисти и побезбедени детски градиники 
    • Гостиварец заработи кривична – следел и вознемирувал малолетничка преку мобилна апликација
    • Рачна бомба пронајдена во двор во Гази Баба
    • Ужас на детско игралиште во Скопје: Куче со сопственик нападна седумгодишно девојче
    • Гореше куќа во скопско Инџиково – сопственикот тешко повреден
    • Пожар среде ноќ во Скопје: Гореше кров на ресторан на „Втора македонска бригада“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Трагедијата во Кочани ќе не следи како сенка“: Сиљановска-Давкова во новогодишната честитка побара правда за жртвите

    „Трагедијата во Кочани ќе не следи како сенка“: Сиљановска-Давкова во новогодишната честитка побара правда за жртвите

    31.12.2025 во 11:423 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Година на драматични промени, почеток на суштински реформи дома, но и година која ќе остане запаметена по една неизбришлива болка – трагедијата во Кочани. Ова е сублиматот на новогодишното обраќање на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која упати честитка до граѓаните по повод новата 2026 година.

    Во својата сеопфатна порака, претседателката направи пресек на меѓународната позиција на државата, внатрешните политички и економски процеси, но најсилниот акцент го стави на човечката димензија, правдата и иднината на Македонија во Европската Унија.

    Сиљановска-Давкова не го заобиколи најболниот настан што ја одбележа 2025 година. Таа порача дека жртвите од Кочани не смеат да бидат заборавени и дека таа трагедија мора да биде катализатор за создавање подобар систем.

    „За сите нас, најтешкиот момент во 2025-та година беше трагедијата во Кочани и таа како сенка ќе нè следи цел живот. Останува обврската да не ги заборавиме нивните најблиски, но и повредените, а најмногу – правдата! Нивната немерлива жртва мора да направи подобри луѓе од сите нас, но и политички и правен систем којшто нема да дозволи нови невини жртви“, децидна е претседателката.

    На домашен план, претседателката ја оцени годината што изминува како пресвртница. Според неа, започнати се процеси кои долго време биле во застој.

    „Дома, 2025-та беше година на почеток на реформи во правосудството, отворање битка со корупцијата и криминалот, креирање национална развојна стратегија“, истакна таа.

    Сиљановска-Давкова наброја низа клучни чекори, вклучувајќи го воспоставувањето нови стратешки партнерства за економски реформи, „инфраструктурната офанзива“, како и долгорочното решавање на енергетското прашање и системското уредување на соработката со дијаспората.

    Во однос на надворешната политика, шефицата на државата потенцираше дека Македонија се промовирала како видлив и почитуван актер, целосно усогласен со европската безбедносна политика. Фокусот, како што рече, бил ставен на исполнување на Копенхашките критериуми.

    „Посакувам Новата година да биде време на исчекор… сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина“, е желбата на претседателката за 2026 година.

    Сиљановска-Давкова даде и мрачна дијагноза за глобалната состојба, потсетувајќи дека годината што си оди ќе се памети по „драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната милитаризација и суспендираното меѓународно право“. Токму затоа, таа посака исчекор кон траен светски мир потпрен на меѓународните институции.

    Својата честитка претседателката ја заврши со лична нота, обраќајки им се на сите генерации.

    „Лично, секому од вас, му посакувам Нова година каква што најмногу сака! Среќна Нова 2026 година, сакани деца, среќна Нова година почитувани млади, среќна Нова година почитувани граѓани!“, порача Сиљановска-Давкова.

    Прочитај повеќе

    „Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис– реализиран и првиот извоз во ЕУ

    15.05.2026 во 14:58

    УЈП во голема акција: Над 40% од фирмите не издаваат фискални, запечатени 25 објекти низ државата

    15.05.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.