- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Доколку планирате да го користите јавниот превоз за време на новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година, обрнете внимание на значителните измени во возниот ред. Од ЈСП Скопје информираат дека денеска (31 декември) автобусите сообраќаат по редовен зимски ред. Меѓутоа, утре, на 1 јануари, ќе важи неделен возен ред, со таа разлика што првите вклучувања на линиите ќе бидат значително подоцна од вообичаеното за недела. Ова важи и за возилата на ЈСП и за приватните превозници. Од петок (2 јануари) па сè до крајот на училишниот распуст, јавниот превоз ќе функционира по редуциран делничен зимски возен ред. Работно време на билетарници…
Денешниот последен ден од годината ќе биде сончев, но исклучително студен. Според УХМР, ќе дува засилен до силен северен ветер кој дополнително ќе го разлади воздухот, а наместа ќе има услови и за провејување на снег. Максималните дневни температури ќе се движат од -3 до 6 степени, но утрата ќе бидат ледени со минимум до -10 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер и дневна температура до 3 степени. Студеното време ќе се задржи и утре, на првиот ден од новата година, како и во петок. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се…
Сериозен инцидент на семејно насилство ја вознемири јавноста во скопската општина Карпош. Триесет и деветгодишен маж е пријавен во полиција откако физички ги нападнал двете жени со кои живеел – својата сопруга и својата мајка. Според информациите, насилникот К.С. (39) во семејниот дом прво ја нападнал 36-годишната сопруга, а не ја поштедил ниту својата 60-годишна мајка. Веднаш по пријавата, полицијата реагирала. Во 12:15 часот тој бил повикан во Полициската станица Кисела Вода на службен разговор. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицаец од Одделението за криминалистички работи Гази Баба е уапсен во центарот на Скопје, откако бил фатен на дело како зема пари од граѓанин кој претходно го пријавил за изнуда. Станува збор за 48-годишниот Х.З., кој заедно со други лица, во повеќе наврати му вршел притисок на жртвата и му барал вртоглави 20.000 евра. Изговорот на полицаецот бил дека синот на пријавителот наводно му ги земал тие пари. Полицијата поставила стапица со криминалистичко-технички обработени (обележани) пари. Вчера (25.12), веднаш по примопредавањето на парите, колегите од Внатрешна контрола и Единицата за насилен криминал го лишиле од слобода. „При извршен претрес кај…
Во услови на динамични политички процеси, жестоки притисоци и обиди за влијанија, Уставниот суд успеа да остане цврст столб на правната држава. Ова го истакна претседателот Дарко Костадиновски во своето годишно обраќање, потенцирајќи дека Судот се водел исклучиво од лојалноста кон Уставот, наспроти сите партиски и економски интереси. „Нервозата кај политичарите и државните органи од постапувањето на Уставниот суд значи само едно – дека Судот е на прав пат“, дециден е Костадиновски. Костадиновски со гордост ги презентираше статистиките кои покажуваат историски рекорд – годинава се оформени 306 предмети, од кои дури 271 се иницијативи од граѓани. Ова, според него, е…
Добра вест за сите што планираат да го решат станбеното прашање. Собранието денеска ја усвојува измената на Законот за данокот на додадена вредност, со која повластената стапка од 5% за прв промет на станови ќе важи сè до декември 2028 година. Ова го соопшти пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска, која појасни дека без оваа измена, од јануари 2026 година данокот требаше да скокне на 18%, што драстично ќе ги покачеше цените. „Ова значи дека за стан од околу 70 метри квадратни, граѓаните можат да заштедат и до 15.000 евра, секако, во зависност од купопродажната цена. Тоа е сериозна и реална…
Трагичен настан ја потресе скопската Противпожарна бригада. Вчераутро (25.12) во 08:00 часот, во просториите на Бригадата бил пронајден починат 57-годишниот З.А. од селото Мралино, Општина Илинден. Безживотното тело на вработениот го пронашле колегите, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош. Лекарите за жал можеле само да констатираат смрт. Првичните прегледи покажале дека на телото нема видливи траги на насилство. Случајот е пријавен во СВР Скопје, а за да се утврдат точните причини за смртта, телото е предадено на обдукција.
Следната 2026 година ќе биде исклучително тешка, кризна и година во која граѓаните ќе осиромашат. Ова е мрачната прогноза што денеска на брифинг со новинарите ја испорача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, анализирајќи ги економските потези на Владата. Според лидерот на опозицијата, државата се движи кон финансиски амбис, а главниот проблем е што новите задолжувања не одат во развој, туку во „крпење дупки“. Филипче тврди дека Буџетот е во толку лоша кондиција што власта морала да прибегне кон преседан – негово предвремено затворање. „Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие…
Наскоро ќе започне и официјалното казнување преку системот „Безбеден град“, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој појасни дека системот наскоро ќе биде целосно адаптиран, а јавноста навремено ќе биде известена пред да почнат да пристигнуваат „честитките“ за прекршоците. Тошковски одговори и на дилемите во јавноста зошто камерите реагираат точно на 50 км/ч, а не постои толеранција до 57 км/ч. „Целта ни е да управуваме во рамки на дозволената брзина. На брзина од 30 км/ч – од 10 повредени лица гинат две, на брзина од 50 км/ч – од 10 повредени лица гинат осум, според светска статистика. Затоа…
Речиси половина од контролираните приватни гинеколошки ординации во Македонија работат спротивно на законите – или наплаќаат услуги кои за пациентките мора да бидат бесплатни, или кријат промет од државата. Ова се поразителните резултати од големата заедничка акција на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП), спроведена во ноември годинава. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, и директорката на УЈП, Елена Петрова, денеска ги објавија деталите од првата ваква координирана контрола од 2012 година наваму, иницирана по лавина претставки од револтирани пациентки. Што открија инспекторите? Под лупа беа ставени 49 матични гинеколози (од вкупно 149 кои имаат договор…
