Author: Author 01

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на иницијативата на Град Скопје за дислокација на цементарницата „Усје“, порачувајќи дека Владата нема проблем со такви радикални потези, но предупреди дека тоа нема да биде магично стапче за решавање на аерозагадувањето. Според него, проблемот мора да се гледа холистички, а не парцијално, бидејќи главниот извор на ПМ честичките е начинот на кој се загреваат домаќинствата. Коментирајќи ја синоќешната одлука на Советот на Град Скопје, кој по маратонска седница едногласно ја прифати иницијативата на „Зелен хуман град“, Мицкоски истакна дека суштината на проблемот лежи во децениската негрижа и недостатокот на инфраструктура. Премиерот беше дециден дека Скопје е жртва на неплански развој во кој…

Повеќе

И покрај огромниот долг што доспева за наплата, граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни – ликвидноста е гарантирана. Премиерот Христијан Мицкоски денеска испрати порака на стабилност, иако најави дека државата треба да врати околу 6 милијарди евра стари долгови, генерирани од претходната власт СДСМ – ДУИ. Тој ја искористи приликата да направи паралела со безбедносната состојба. „Граѓаните и бизнисот да бидат спокојни, исто како што нема во Македонија мигранти, исто како што нема криза, така средствата се обезбедени, ликвидноста е гарантирана“, рече Мицкоски. Според него, иако секоја година ќе достасува нова еврообврзница за наплата, Владата има план како да…

Повеќе

Вкупно 120 нови возила се набавени за потребите на униформираната полиција, информираше премиерот Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил. Тој упати благодарност до вработените и раководството на МВР, но испрати и специфична порака по повод новата набавка – желба возила да „седат во гаража“ што е можно повеќе, бидејќи тоа би значело дека нема криминал. „Им се заблагодарам на сите вработени, на министерот, на сите оние коишто го водат Министерството… и да посакаме што помалку да се користат, тоа значи дека ќе има што помалку криминал и криминалци“, напиша Мицкоски.

Повеќе

Наместо политика на страв и поделби, Демократската унија за интеграција (ДУИ) предлага „Договор за национален напредок“. Потпретседателката Арта Биљали Зендели денеска истакна дека Петтиот конгрес на партијата избрал поинаков пат – пат на надеж и консензус. Според неа, оваа иницијатива не е партиска, туку сеопштествена платформа во која треба да се обединат експертите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор за да се решат клучните проблеми во економијата, здравството и образованието. „Со години, земјата се држи како заложник на фиктивни стравови, на имагинарни непријатели и на намерно создадени поларизации… Ние веруваме дека дојде време да се запре овој политички апсурд. Овој договор…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски сака да биде „Малиот Вучиќ“. Со ваква остра квалификација излезе претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, посочувајќи дека соработката меѓу македонската власт и српската СНС е очигледна. Филипче смета дека имитацијата оди до таму што Мицкоски го копира дури и говорот на телото на српскиот претседател. „На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. Прекарот веќе го доби, малиот Вучиќ“, рече Филипче. Според лидерот на опозицијата, целта е во Македонија да…

Повеќе

Во државната каса заклучно со 30 ноември се слеале 3,97 милијарди евра по основ на даноци и придонеси. Ова го соопшти директорката на УЈП, Елена Петрова, истакнувајќи дека наплатата е зголемена за значителни 268 милиони евра во споредба со истиот период минатата година. Статистиката покажува раст на сите полиња – приходите од даноци се зголемени за 6,5 отсто, додека кај придонесите скокот е уште поголем и изнесува 8,7 проценти. Позитивниот тренд продолжува и во тековниот месец. „Трендови на пораст во однос на лани има и во декември, но уште течат приливите и исплатите од уплатните сметки за даноци. Денеска ги…

Повеќе

Семејствата на починатите пензионери ќе добиваат поголема финансиска помош. Управниот одбор на Фондот на ПИОМ донесе одлука за зголемување на посмртнината, која наместо досегашните 35.000, ќе изнесува 40.000 денари. Но минимално се корегира и месечниот придонес што го плаќаат пензионерите. Според новата одлука на Фондот на ПИОМ, месечната задршка за солидарниот фонд ќе се зголеми од 140 на 150 денари. Со зголемувањето за 5.000 денари, институциите се обидуваат да го амортизираат социјалниот притисок врз оваа категорија граѓани во услови на економска неизвесност. Од Фондот појаснуваат дека корекцијата на членарината е неопходна за да се зачува финансиската стабилност и ликвидноста на…

Повеќе

„Не купувајте го тоа ѓубре! Никогаш не сум рекламирал, ниту ќе рекламирам производ“. Со остра реакција се огласи микробиологот д-р Никола Пановски, откако интернет просторот повторно беше преплавен со лажни видеа и интервјуа во които се злоупотребува неговиот лик за продажба на сомнителни препарати. Пановски упати драматично предупредување до граѓаните, особено до хронично болните. Најопасно е, вели тој, што некои пациенти лажните „чудотворни лекови“ ги користат како замена за редовната терапија. „Тој посебно предупреди дека е опасно прекинувањето на редовната терапија пропишана од лекари и нејзино заменување со вакви производи, особено кога станува збор за терапија за дијабетес“, стои во…

Повеќе

Македонија и Бугарија конечно ќе се поврзат со железнички тунел долг 2.383 метри. Собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно го прифати предлог-законот за ратификација на Договорот со источниот сосед, со што се отвора патот за изградба на овој капитален проект. Тунелот е клучната алка што недостасуваше на Коридорот 8. Според проектот, 1.189 метри ќе бидат на македонска, а 1.193 метри на бугарска територија. Крум Ефремов од МНР појасни дека договорот ги уредува сите технички и финансиски прашања, а инфраструктурата ќе мора да ги исполни строгите стандарди на ЕУ и НАТО. „Овој договор ќе создаде позитивни политички и економски предуслови…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп сака дел од нуклеарната централа во Запорожје за да ја користи за „рударење“ на криптовалути. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со бизнисмени, откривајќи детали од тајните преговори со Вашингтон. Според Путин, САД се заинтересирани за поделба на контролата врз објектот, кој е под руска окупација од 2022 година. „Вашингтон е заинтересиран да го искористи својот предложен удел во нуклеарната централа Запорожје за операција со криптовалути“, рече Путин, пренесува „Комерсант“. Во моментов Кремљ ја анализира оваа понуда, која пристигнала преку „шатл дипломатија“ и неодамнешната посета на претставникот Кирил Дмитриев на Мајами. Паралелно, Москва…

Повеќе